Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните закони да бидат донесени во рокот
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните закони да бидат донесени во рокот

14/11/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

На состанок во Владата посветен на спроведувањето на Реформската агенда, како што информираше Мицкоски, вчера биле презентирани деталите за статусот на законите во неколку клучни ресори и се разговарало за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Мицкоски информира дека се сработени 4 клучни закони во рамките на Министерството за јавна администрација, кои во моментов се во фаза на техничко усогласување со Европската комисија.

– Очекувам дека на техничко ниво месец до крајот на месецот ќе се расчистат сите работи и ќе можеме да влеземе во парламент почетокот на декември, за до крај на декември поминат овие закони. Тоа е Законот за административни службеници или познатиот ЗАС, каде имаме една-две точки на коишто разговараме со Европската комисија. Потоа е Законот за вработени во јавна служба или јавен сектор, каде имаме една или две забелешки на коишто ќе работиме на техничко ниво оваа недела. Третиот е за високи раководни служби, и тука имаме една-две исто така забелешки – рече Мицкоски по увидот во градежни активности во Општина Кисела Вода.

Во однос на новиот Закон за оружје, Мицкоски појасни дека тоа што ни се предлага од експертите од Сигма, според нашите експерти и професори по уставно право е неуставно, и оти вчера имале и таква дискусија, по што, како што најави, очекува и тој дел да се надмине.

Кривичниот законик (КЗ) и Законот за кривична постапка (ЗКП) Мицкоски потсети дека се веќе испратени во Брисел на разгледување и сугестии, посочувајќи дека соодветните табели ќе бидат доставени најдоцна до понеделник.

Во врска со законите за јавно обвинителство, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, главна точка, којашто Мицкоски рече е „камен на сопнување“, се буџетските проценти (0,8% од БДП за судскиот буџет и 0,5% од вкупниот буџет за јавното обвинителство), за што е пронајден компромис кој е претставен пред ЕК.

– Претходно имавме состанок со претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и разговаравме околу начинот на скалесто зголемување на буџетите. Дојдовме до еден компромис, тој го претставивме вчера на состанокот, очекуваме од Европската комисија да дадат и свое мислење поврзано со тој компромис којшто ние го имавме – рече Мицкоски.

Во однос на Законот за Академијата за судии и обвинители, Мицкоски, посочи дека исто така минува низ процедура за да се овозможи избор на нова генерација, а дополнително се расчистуваат прашањата околу финансирањето со европските партнери.

– Тука беше проблем начинот на финансирање практично од страна на државата, бидејќи тие го спореа начинот на финансирање којшто доаѓа од судскиот буџет, а тоа е Академија за судии и обвинители. Дојдовме до заедничко решение како да го финансираме и останува уште да го расчистиме со Европската комисија. Тие бараат да биде извадена надвор од Министерството за правда, но претходно во еден друг чекор од реформската агенда којшто се однесува на Министерството за финансии и којшто веќе се смета за завршен и за којшто имаме веќе добиено средства, па инсистираат да бидат таму. Понеделник ќе го испратиме нашето образложение, очекуваме во текот на следната недела тоа да се расчисти. Така што и тој сет на закони од правда ќе бидат завршени – појасни Мицкоски.

Во делот на дигиталната трансформација, според Мицкоски, се бележи стабилен напредок и затворање на предвидените чекори, додека Министерството за транспорт очекува мислења за пет закони кои носат мали измени во ИТС системот во железничкиот и патниот транспорт.

Во енергетскиот сектор, Мицкоски посочи, се очекува завршување на двата преостанати чекора во текот на ноември.

– Очекуваме сите овие реформи коишто се во грејс период до декември 20226 да бидат завршени. Во детали ги имаме разработени. И како што беше кажано од луѓето од Брисел, продолжуваме ние да бидеме вистинските фронт-раенери во целиот тој процес – изјави Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното

13/11/2026
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46768
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа и прилози за македонскиот проблем

14/11/2026

Проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ Крива Паланка се најде и во странските медиуми. „Еуроњуз“, видео без коментар

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот министер за Европа вели дека

14/11/2026

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“ Владејачката партија бара обвинителството да

14/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ бара јавното обвинителство да поведе истрага за да ги испита владините одлуки од времето на СДСМ и ДУИ  од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy