Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека така може да се открие и вистината за атентатот врз Глигоров
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека така може да се открие и вистината за атентатот врз Глигоров

14/11/2026

AA

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање за враќање на досијеата на УДБА.

Тој смета дека би требало од Белград повторно да се побараат информации за атентатот врз претседателот Киро Глигоров, бидејќи, како што вели, после убиството на поранешениот српски премиер Зоран Џинџиќ, лично тој иницирал да се побараат информации, но според неговите информации, српските власти тогаш не биле заинтересирани да споделат било какви податоци.

– Ова е добра можност, при промената на власт, бидејќи во суштина има континуитет на владеење во Србија долги години, да се покрене тоа прашање, не само за информациите за обидот за атентат на Киро Глигоров, туку во целина – посочи Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.

Воедно, тој вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел.

Во истото гостување на Сител, Трајанов се осврна и на руското влијание во регионот. Тој оцени дека Русија, преку војната во Украина, го засилува своето присуство и влијание на Балканот, но тврди дека македонската влада засега не е под влијание на Москва.

Трајанов зборуваше и за протестите во повеќе европски држави, оценувајќи дека не очекува нивно прелевање во Македонија. Според него, разликата е во тоа што во земјите зафатени од протестни бранови подолго време владееле исти политички структури, додека македонската влада неодамна ги презела функциите и има добиено голема поддршка.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46771
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Полицијата го приведе пред родителот

14/11/2026

Петнаесетгодишник од Тетово е уапсен откако при преглед од стана на полицијата кај него е пронајден пиштол и рамка. Како

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните закони да бидат донесени во

14/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy