ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Полицијата го приведе пред родителот и училишниот педагог
Петнаесетгодишник од Тетово е уапсен откако при преглед од стана на полицијата кај него е пронајден пиштол и рамка.
Како што е соопштено апсењето се случило вчера во едно средно училиште во Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог.
„При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка“, соопшти тетовската полицијата.
Малолетникот бил задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Зораки 918-Г (Zoraki 918) е полуавтоматски гасен, сигнален и алармен пиштол (gas-alarm pistol) со калибар 9 mm P.A.K., производ на турската компанија Atak Arms.
Овој пиштол е наменет за самоодбрана, испукување звучни и светлосни сигнали или заплашување, а не за испалување боева муниција. Овој модел користи специјални патрони од 9 mm P.A.K. кои не содржат куршум (проектил), туку само барутно полнење или иритирачки гас.
Иако не користи боева муниција, овој пиштол може да предизвика сериозни изгореници или повреди на очите ако се испука од непосредна близина поради силниот притисок на гасовите. Во Северна Македонија, поседувањето и носењето гасно и сигнално оружје е строго регулирано со Законот за оружје, па за негова набавка и поседување е потребна соодветна дозвола или пријава во МВР.
.
Извор: plusinfo.mk