Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стрип центар на Македонија објави објави повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс
Магазин

Стрип центар на Македонија објави објави повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс

12/07/2023

AA

Стрип центар на Македонија во Велес објави последен повик за учество на традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста.

Како што извести Томе Трајков –програм координатор на Центарот , и оваа година ја следи голема масовност во пријавувањето, што доликува на најстарата и најреномирана стрип манифестација во државата.

Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички, а доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Според организаторот, исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција. Тричлена интернационална комисија ќе направи избор и ќе ги додели следните награди:

• Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.

• Втора награда ”Сребрен стрип” и диплома за второ место.

• Трета награда,”Бронзен стрип” и диплома за трето место.

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Стриповите треба да се пратат до 10 август оваа година на адресата на Стрип Центар на Македонија – Велес или на електронската адреса stripkonkurs@gmail.com.

Овој конкурс е во склоп на  20 интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2023-5 та мегународна стрип колонија  ,финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на РС Македонија и општина Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45802
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy