Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Валас: Киев да покаже благодарност за оружјето, ние не сме Амазон
Македонија

Валас: Киев да покаже благодарност за оружјето, ние не сме Амазон

12/07/2023

AA

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас денеска изјави дека ја предупредил Украина оти нејзините меѓународни сојузници „не се Амазон“ и дека Киев треба да покаже благодарност за донациите на оружје за да ги убеди западните политичари да дадат повеќе.

Валас зборуваше на маргините на самитот на НАТО во Литванија како одговор на новинарско прашање за поплаките на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека на Киев не му била дадена временска рамка за приклучување кон Алијансата.

Валас, како што пренесуваат британските медиуми, се присети дека минатата година отпатувал во Украина, каде што му била претставена „шопинг листа со оружје“.

Знаете, ние не сме Амазон, рече тој, мислејќи на гигантската американска компанија за технологија и малопродажба. Тоа им го кажав лани кога возев 11 часа за да ми дадат список.

Зеленски денеска го ублажи својот тон, велејќи дека резултатите од Самитот биле добри дури и да немало формална покана за Украина да се приклучи на НАТО и дека добил позитивни вести за одбранбените пакети од сојузниците.

На прес-конференција Зеленски рече дека не ги разбира коментарите на Валас.

-Секогаш бевме благодарни на Обединетото кралство, на премиерите и на министерот за одбрана, бидејќи луѓето секогаш нè поддржуваат. Не знаев што сакаше да каже и како поинаку треба да бидеме благодарни. Можеби министерот сака нешто посебно, но имаме прекрасни односи, рече тој.

Прашан за коментарите на Валас, британскиот премиер Риши Сунак рече дека Зеленски бил благодарен за досегашната поддршка и дека ќе има поголема поддршка доколку се бара.

-Претседателот Зеленски ја изрази својата благодарност за она што го направивме во неколку наврати. Целосно ја разбирам желбата на Володимир да направи се што може за да го заштити својот народ и да ја запре оваа војна, а ние ќе продолжиме да му ја даваме потребната поддршка. изјави Сунак на прес-конференцијата на самитот во Вилнус.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy