Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Столтенберг: Касетните бомби на САД за Украина ќе бидат за одбрана
Македонија

Столтенберг: Касетните бомби на САД за Украина ќе бидат за одбрана

07/07/2023

AA

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази разбирање за тековните дебати во САД за вооружување на Украина со касетни бомби против Русија.

– Соочени сме со брутална војна, рече тој, истакнувајќи дека двете страни користат касетни бомби. Сепак, Столтенберг истакна дека Украина користи касетна муниција само во одбрана.

– Русија користи касетна муниција за да нападне, да ја нападне Украина. Украина користи касетна муниција за да се заштити од агресорот, рече тој.

Столтенберг рече дека на поединечни сојузници е да одлучат какво оружје и опрема ќе и испратат на Украина, но подвлече дека НАТО нема заеднички став околу употребата на касетни бомби.

Според извештаите објавени вчера во американските медиуми, САД треба да испратат касетна муниција во Украина за да и помогнат на земјата разорена од војна дополнително да ја одбие руската инвазија. Според Си-Ен-Ен, официјалното соопштение би можело да биде објавено денеска.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) во Женева го осуди планот, истакнувајќи дека меѓународната Конвенција за касетна муниција се обиде да го забрани оружјето. САД, Русија и Украина не ја потпишаа конвенцијата.

– Касетната муниција расфрла мали бомби на широк простор, рече Марта Хуртадо, портпаролка на ОХЦХР.

– Тие убиваат и осакатуваат луѓе години подоцна по завршувањето на конфликтот, нагласи таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy