Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТОЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Ако нема субвенции, на 26 декември ја блокираме цела држава со трактори!
Македонија

СТОЧАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Ако нема субвенции, на 26 декември ја блокираме цела држава со трактори!

22/12/2025

AA

Претставници на Сојузот на одгледувачи на овци и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСОМ) денеска излегоа на протест пред Владата, порачувајќи дека македонското сточарство е пред колапс поради неисплатените субвенции.

Револтираните сточари од цела држава упатија последен аларм до премиерот и претседателката, нагласувајќи дека трпението е потрошено.

Насер Џемаили, претставник на сточарите, истакна дека државата целосно ги заборавила земјоделците и сточарите, иако Македонија историски се препознавала како силна сточарска земја.

„Година дена чекаме субвенции, а веќе две години нема редовна исплата за некои гранки. Сакам да ѝ порачам на Владата дека нè оставија на страна. Баравме средби и со премиерот и со претседателката, но одговор нема. Немаме веќе работници, нема кој да чува стока. Ако не добиеме пари, на 26 декември сите сточари излегуваат со трактори низ цела држава“, изјави Џемаили.

Одгледувачите на овци се жалат дека биле изманипулирани со неколку ветени рокови кои не биле испочитувани. Милена Величковиќ, сточар од Кумановско, вели дека по последното ветување дека парите ќе легнат до 20 декември, веќе немаат ниту ден толеранција.

„Револтот расте со причина. Чекавме да помине летото, изборите, ни велеа дека решенијата се потпишани и пратени до Трезор, но повторно ништо. Не е прв пат да ни ветат и да не одржат збор. Функционираме со огромни потешкотии“, вели Величковиќ.

Од здружението „Современ сточар“, Марјан Стојановски предупреди дека сточниот фонд е веќе уништен и дека ова е „последната генерација“ на сточари во земјата.

„Дојде 2025 година, а ние уште ги чекаме парите за 2024. Имаме куп проблеми кои никој не ги решава. Доколку до петок не се исплатат субвенциите, планираме протести како во Грција – ќе блокираме секаде“, порача Стојановски.

Сточарите се децидни дека нивната намера не е да напаѓаат никого, туку само да ги остварат своите права и да го спасат егзистенцијалниот минимум за своите семејства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45698
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе на повеќе од 10 локации

21/09/2026

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy