Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓанскиот сектор алармира: Новите измени на КЗ не го враќаат стариот систем, туку воведуваат „опасни“ решенија
Македонија

Граѓанскиот сектор алармира: Новите измени на КЗ не го враќаат стариот систем, туку воведуваат „опасни“ решенија

22/12/2025

AA

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

„Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања:

Овие барања се особено важни ако се има предвид дека и за измените во 2023 година реагиравме навреме, предупредувајќи на последиците кои за жал, денес се потврдуваат во пракса.

Зошто овие измени се проблематични?

Предложените измени за проширена конфискација значително отстапуваат од моделот што важеше пред 2023 година. Наместо одземање на имот стекнат пред сторување на делото, по спроведена кривична постапка и судска осуда, сега се овозможува конфискација и без утврдена кривична одговорност. Ова е суштинска промена која го менува карактерот на мерката.

Ваквиот пристап се доближува до т.н. граѓанска конфискација, без јасно да биде утврдено кој и зошто одговара, поточно кое е кривичното дело кое ја прави проширената конфискација апликативна. Дополнително, овој модел е неусогласен со постојниот Закон за кривичната постапка и создава ризици по правото на сопственост, презумпцијата на невиност и правната сигурност. Оттука, со овие измени, иако наменети за привремено санирање на правната рамка до донесување на нов Кривичен законик, повторно се воведува нов концепт без јасни правила.

Кај делото злоупотреба на службената положба, измените значително ја стеснуваат кривичната одговорност. Поимот „корист“ се сведува само на имотна корист, со што од опфатот испаѓаат облици на злоупотреба кои не секогаш носат директна финансиска добивка, како влијание, фаворизирање или условување.

Дополнително, во споредба со верзијата пред 2023 година, се намалуваат максималните казни за потешките облици на делото, што директно води до пократки рокови на застарување. Ова значи дека сѐ уште постои помал простор за ефективно гонење на сложени корупциски предмети, особено оние кои се откриваат по подолг временски период.

Воедно, се воведува нова инкриминација наместо за враќање на старата одредба од ставот 5. Со предложените измени се врши враќање само на инкриминацијата за злоупотребата на службената положба и овластување при постапките за јавни набавки, но не и други форми на злоупотреба на средствата од Буџетот, од јавните фондови или од други средства на државата. Дополнително, дел од однесувањата што се опфаќаат имаат карактер на управни пропусти, што може да доведе до претерана криминализација без реално зајакнување на борбата против корупцијата.

Особено загрижува што со овие измени не се обезбедува соодветна заштита на средствата од јавните фондови и фондовите на Европската Унија, што е спротивно на декларираните заложби за зајакнување на владеењето на правото.

Кај кривичното дело несовесно работење во службата, се предлага бришење на формулацијата која досега служеше како „заштитна мрежа“ за санкционирање на тешки, но нетипични случаи на службена несовесност. Иако постои потреба ваквите одредби да бидат внимателно формулирани за да се избегне произволна примена, нивното целосно отстранување создава ризик сериозни пропусти да останат неказнети.

Иако потребата од интервенција беше очигледна, загрижува начинот на кој се предлагаат овие измени. Тие беа доставени без претходни најави и без јавни консултации, иако беше најавено формирање работна група во Министерството за правда. Ова создава впечаток на паралелни и некоординирани процеси и ја намалува довербата во квалитетот на предложените решенија.

Имајќи го предвид досегашното искуство со брзи и недоволно промислени измени на КЗ, сметаме дека е неопходна јавна и стручна расправа, за да не се повтори практиката на формално „поправање“ на законот, без суштинско решавање на проблемите. Поради тоа, во период кога се подготвува целосно нов Кривичен законик, најодговорен пристап е враќање на проверените решенија од пред 2023 година, без воведување нови модели со далекусежни последици. Сите суштински реформи треба да бидат дел од сеопфатен, транспарентен и инклузивен процес, а не резултат на ад хок интервенции“, велат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy