Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува на 3 октомври
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува на 3 октомври

21/09/2026

AA

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како гаранција дека нема да избега доколку не е во притвор.

За прифаќањето на понудената гаранција треба да одлучи Кривичниот суд, кој ќе процени дали гаранцијата, заедно со евентуални дополнителни мерки на претпазливост, е доволна за да се обезбеди присуството на Јованов во понатамошната судска постапка.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска претходно најави дека Јованов е подготвен да гарантира со имот, со цел да ги увери судот и јавноста дека нема намера да избега. Според одбраната, законскиот рок од една година во кој тој може да остане во затворски притвор истекува на 3 октомври, по повеќекратното продолжување на мерката поради опасноста од бегство и можноста за влијание врз сведоците.

Јованов е единствениот меѓу обвинетите во предметот кој сè уште се наоѓа во затворски притвор. Другите обвинети се бранат од слобода со мерки на претпазливост или се во домашен притвор или претходно понудиле гаранција.

Судењето се води против 34 физички лица и 3 правни субјекти.

Одбраната тврди дека Јованов не е одговорен за должината на постапката и го оспорува тврдењето на Обвинителството дека делото Тешки дела против општата сигурсност, за кое е обвинет, е извршено со умисла.

Според Законот за кривичната постапка, после една година во притвот Судот може да му додели куќен притвор, а може да одреди и други мерки за обезбедување присуство како гаранција, забрана за напуштање на живеалиштето, одземање патна исправа, јавување во суд/полиција или комбинација на мерки, зависно од проценката.

Кривичниот суд најави дека по истекот на рокот за затворски притвор, по службена должност ќе определи дополнителни мерки за претпазливост за да се обезбеди Јованов да биде достапен за судењето.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy