Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стерјовски ги повика Македонците масовно да излезат на гласање
Македонија

Стерјовски ги повика Македонците масовно да излезат на гласање

19/04/2023

AA

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски.

Кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.

-Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.


Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.

-Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.


Во периодот кој измина, нагласува, бевме исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради наши слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои бевме соочени и се уште се соочуваме но никогаш не отстапивме да се бориме за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.

Успеавме, изјави тој, да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста“.

-Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија. Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.

Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции.

Вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.

-Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46441
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да се сменат повеќе закони и

29/10/2026

Најмалку шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени кои ќе им овозможат на полициските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy