Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стапуваат мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето во Скопје
Македонија

Стапуваат мерки и препораки за заштита од аерозагадувањето во Скопје

27/12/2023

AA

Во Скопје е надминат прагот на алармирање поради многу високите концентрации на ПМ-10 честички во воздухот од над 150 микрограми на метар кубен, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Концентрациите на ПМ-10 честички се повеќе од четири пати над дозволените максимални концентрации на мерната станица во Лисиче, како и три пати над дозволеното на мерната станица Ректорат, пишува Мета.

За потсетување, дозволената среднодневна концентрација на ПМ-10 честички изнесува 50 микрограми на метар кубен. Вчера на мерната станица Лисиче биле измерени 229,3 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички, ден претходно концентрациите изнесувале 211,2, додека на 24 декември биле измерени дневни концентрации од 175,4 микрограми на метар кубен.

На мерната станица Ректорат на 24 декемри биле измерени 155,9 микрограми на метар кубен, додека присуството на ПМ-10 честички во воздухот на 26 декември изнесувало 169,9 микрограми на метар кубен.

Поради ваквите алармантни бројки, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да им препорачаат на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Исто така, се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Во Скопје се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50% употребата на службените возила. Исто така, се задолжува да се обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и општините се должни да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници, како и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство ја задолжува Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до Институтот за јавно здравје за бројот на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина е должен да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – интегрирана дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија, со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – интегрирана дозвола за намалување на капацитетот на производство до 50%, со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Скопските општини и Градот Скопје се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините во делот на аерозагадувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy