Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: На следните избори СДСМ ќе изгуби
Македонија

Димитриевски: На следните избори СДСМ ќе изгуби

27/12/2023

AA

„На претстојните претседателски и парламентарни избори единствената коалиција којашто ќе ја направиме ќе биде коалиција со граѓаните. Политичкиот субјект ЗНАМ ќе настапи самостојно на следните избори. Тоа што ќе се случува по изборите ќе се случи врз база на постигнатите резултати и довербата којашто и ние, но и останатите политички субјекти ќе ја добијат во државата. ЗНАМ ниту ќе биде спасител на СДСМ, ниту пак ќе биде поткрепа на ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт”, порача лидерот на политички субјект ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување на ТВ24.

Новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска и официјално е регистриран со потпис за упис во Централен регистар, вели Димитриевски и ќе биде субјект од мултиетнички карактер којшто ќе се гради од граѓаните за граѓаните.

„Целта е на следните парламентарни и претседателски избори да излеземе со наша визија, идеи и концепт како Македонија да се стабилизира како држава и да тргнеме во една позитивна насока.Што ќе се случи на следните избори? Нешто што претходно се случи во Куманово. Во Куманово СДСМ ги изгуби изборите, а ВМРО-ДПМНЕ не победи. Зошто? Затоа што се роди една нова, граѓанска иницијатива и по тој пример ние всушност ќе се водиме и на следните претседателски и парламентарни избори”, истакнува Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44971
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy