
СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Можно ли е да падне под 9 отсто?
Премиерот Христијан Мицкоски oчекува до крајот на годината невработеноста да биде под девет отсто.
Вели дека во третиот и четвртиот квартал бројот на вработени лица е зголемен за 10.000 и таа бројка надминува над 700.000, првпат после долго време, а бројот на невработени лица е под 100.000 односно околу 98.000.
„Сега ќе видеме како ќе биде понатаму, како ќе биде во првиот квартал од оваа година, иако очекувам на крајот на годината, можеби преоптимистички да бидеме под 9 проценти стапка на невработеност“, рече премиерот.
Вели дека отворање на илјадници нови работни места е голема успех за Македонија.
Стапката на невработеност лани изнесуваше 12.4 отсто.
Во Европската Унија(ЕУ) има земји каде невработеноста е под 1 отсто.