Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СКОПСКО ГРУП“ КАВАДАРЦИ НА МИЛАН ИВАНОВСКИ ВЛЕЗЕ СО НАД ПЕТ ОТСТО ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ – дали сегашниот значаен акционер ги засилува позициите во компанијата
Економија

„СКОПСКО ГРУП“ КАВАДАРЦИ НА МИЛАН ИВАНОВСКИ ВЛЕЗЕ СО НАД ПЕТ ОТСТО ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ – дали сегашниот значаен акционер ги засилува позициите во компанијата

29/05/2025

AA

Една од најпознатите компании за дистрибуција на пијалоци, Скопско Груп
ДООЕЛ Кавадарци, влегува во компанијата „Аутомакедонија“. Односно, компанијата Скопско груп во изминатиот период се стекнала со 4.205
акции на еден од најголемите продавачи на возила во земјава, што претставува
5,1 отсто од акциите, и со тоа влегува во категоријата акционери со над 5 отсто
од акциите.

За оваа сопственичка промена извести „Аутомакедонија“, преку Македонската
берза.

„Известуваме
дека Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци, во изминатиот период се стекна со
4.205 акции од издавачот Аутомакедонија АД Скопје, што претставува 5,1отсто од вкупниот број на акции на издавачот“, се вели во објавата од Аутомакедонија на берзата.

Според
последните достапни информации, најголемите акционери во
Аутомакедонија АД Скопје се Иванка Мојсова, со 22,48 отсто, Милан
Ивановски 
со 14,66
отсто, потоа Драгана Јаневска, Јане Јаневски и Кирило
Јаневски
, децата на
бизнисменот Свето Јаневски, со по 
6,78 проценти. Потоа, Аутомакедонија АД Скопје поседува сопствени акции од 6,03 акции, и Скопско Груп располага со 5,1 отсто. Според
информациите, акции има и
Игор Илиевски, генерален директор, со 400 акции.

Она што е интересно,
а што излегува како податок од Централниот регистар, е дека компанијата Скопско
Груп е всушност во сопственост на Милан Ивановски, кој е еден од најголемите
акционери во Аутомакедонија, со 14,66 отсто од акциите.

Овој акционер
своевремено поседуваше поголем акционерски пакет, односно 17,99 отсто во
Аутомакедонија, па се поставува прашањето дали тој ги отстапува неговите акциите
на својата компанија Скопско Груп во Аутомакедонија, или, пак, ги засилува
своите позиции во оваа компанија.

Според достапните
податоци,
Скопско
Груп ДООЕЛ Кавадарци е компанија основана во 2009 година, со седиште во
Кавадарци. Таа се специјализира за дистрибуција на пијалоци, со акцент на пиво
и вина, и е партнер на Пивара Скопје и Винарска Визба Тиквеш. Компанијата е
активна во трговијата со врвни брендови на пива и вина.

Компанијата има
дистрибутивна мрежа која опфаќа различни региони во Северна Македонија, со
фокус на пивски и вински производи.

„Аутомакедонија“, пак, ја завршила 2024 година со чист профит од близу половина милион
евра, или прецизно 485 илјади евра, што е зголемување за 9 отсто во однос на
претходната 2023 година.

Минатата година во „Аутомакедонија“ се слеале 10,8 милиони евра
како оперативни приходи, што е одличен раст од дури 26 проценти во однос на
претходната година. Речиси сите овие пари се инкасирани од продажбата на
возила, односно на име на приходи од продажба се слеале 10,65 милиони евра, и
сите тие се приходи од продажба на домашниот пазар, што е и логично, и кај нив
има зголемување за 27 проценти.

Кога беа објавени деветмесечните резултати за лани, од компанијата
многу прецизно објаснија дека нивната добивка беше зголемена
поради зголемена продажба на возила во комерцијалниот сегмент. Тоа
значи дека Македонците лани „удриле“ на купување на нови возила, што
се рефлектира во поголеми заработувачки кај компаниите кои работат во таа
бранша.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

06/10/2026

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy