Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНУВА ЛИ СРБИЈА „МЕКА“ ЗА ИНВЕСТИТОРИ?! – Нова инвестиција во фабрика за челични делови
Економија

СТАНУВА ЛИ СРБИЈА „МЕКА“ ЗА ИНВЕСТИТОРИ?! – Нова инвестиција во фабрика за челични делови

02/06/2023

AA

Германската компанија „Вакер Нојсон“ отвори фабрика во Крагуевац. Во првиот квартал од годинава нивото на странски директни инвестиции во Србија изнесува 783,9 милиони евра. Тоа е за 39,6 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната, рекордна година, кога Србија привлече вкупно 4,4 милијарди евра директни странски инвестиции, соопшти премиерката на оваа соседна земја, Ана Брнабиќ.

– По долги години, Крагуевац повторно станува не само мотор на развојот на Србија, туку и технолошки напреден развој, на кој државата работи долго време. Бескрајно сум им благодарен на нашите партнери од Германија за нивната доверба во Србија. Но и за тоа што безброј пати ни покажаа што треба дополнително да направиме за да имаме уште повеќе инвеститори од нивната земја – рече премиерката Брнабиќ.

Таа посочи дека германските инвеститори покрај нови работни места и пари носат и нови знаења, технологии и еден од најдобрите бизнис етика и деловни стандарди, па затоа се дел од социјалните реформи во Србија.

– Германија е наш најважен економски и трговски партнер и воедно најголем билатерален донатор во Србија. Во текот на 2022 година, ако ја погледнеме вкупната надворешно-трговска размена на стоки и услуги меѓу Србија и Германија, таа ќе достигне околу 10 милијарди евра. Истовремено, само размената на стоки достигна рекордна вредност од 8,24 милијарди евра – рече премиерката и дополни дека кога германските компании доаѓаат да инвестираат, таа нема подобри препораки за инвеститорите од другите земји.

Таа додаде дека привлекувањето СДИ за Србија значи нови и подобри работни места и повисоки плати, но и севкупен понатамошен напредок и развој на Србија. Исто така, со втората фаза од германските директни инвестиции, во Крагуевац ќе се отворат уште 800 работни места.

Генералниот директор на „Вакер Нојсон“, Карл Трагл истакна дека компанијата постои 175 години и дека во последниот период забележала силен раст, што е причина за изградба на фабриката во Србија.

– Фабриката во Крагуевац за производство на челични делови и опрема за машини што се користат во градежништвото е исклучително важна за нашата грижа поради стручноста и посветеноста на вработените. Ќе продолжиме да инвестираме во нивното знаење – изјави д-р Карл Трагл.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
Македонија

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската

18/11/2026
Македонија

ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ НЕ ГО ПОТПИШАЛ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА?

18/11/2026
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000

18/11/2026
Македонија

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА

18/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“

18/11/2026
Македонија

Дарко Костовски се соочува со кривична пријава за паркот во

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46835
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ МЕТЕОАЛАРМ Внимателно покрај дрвја, стари

18/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА Од Гинекологија префлено е на

18/11/2026

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) добило посекотина на прстот откако една медицинска сестра му ја вадела инфузијата,

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската џамија предизвика полемики во Сирија

18/11/2026

Посетата на поранешната шпанска актерка во филмови за возрасни, Амарна Милер, на Сирија предизвика широка дебата на социјалните мрежи, откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy