Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стафа призна вина и склучи спогодба со обвинителството – доби затворска казна од една година и три месеци!
Македонија

Стафа призна вина и склучи спогодба со обвинителството – доби затворска казна од една година и три месеци!

16/04/2026

AA

Поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор, потврдуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма.

Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што тој признал вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Со спогодбата е предвидена затворска казна од една година и три месеци, но таа треба да биде потврдена од надлежен суд.

Стафа беше уапсен во декември, откако бил фатен со пари кои ги примил од сестра на негов клиент. Според истрагата, освен 20 илјади евра што му биле пронајдени, тој наводно барал и добил вкупно 50 илјади евра за да посредува и да влијае врз одлука на апелациски судија.

Предметот во кој требало да интервенира се однесува на лицето Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, кој подолг период беше недостапен за органите на прогонот поради истрага за даночно затајување.

Според наводите, Стафа тврдел дека може да обезбеди поволен исход во постапката, но наместо тоа беше приведен и помина повеќе од четири месеци во притвор, по што го признал делото.

Во меѓувреме, Пецов доби мерка домашен притвор поради здравствена состојба, како и засилено полициско обезбедување.

Со случајот е поврзана и посебна истрага за апелациски судија, во која се испитуваат други околности и можни поврзаности. Истрагата е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скрински на 4tv.mk: Македонија е периферна тема во кампањата, но

16/04/2026
Македонија

СНИМАЛ ВОЕН КОНВОЈ НА КРИВОЛАК Кривична за 21-годишен жител на

16/04/2026
Македонија

Новинарот Скрински во „Ноќно студио“: Политичарите чекаат да се мразиме,

16/04/2026
Македонија

Сертификат кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како

16/04/2026
Македонија

ПРИЗНА ДЕКА ЗЕЛ 50.000 ЕВРА ЗА ПОВОЛНА ПРЕСУДА, МУ СЕ

16/04/2026
Македонија

Средба Давкова-Ердоган: Силно пријателство и нов импулс за соработка

16/04/2026
Македонија

Стафа призна вина и склучи спогодба со обвинителството – доби

16/04/2026
Македонија

МВР има залихи од обрасци за возачки дозволи за наредните

16/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42561
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скрински на 4tv.mk: Македонија е периферна тема во кампањата, но каква и влада да се

16/04/2026

Односите меѓу Софија и Скопје речиси воопшто не се тема на дебата во актуелната предизборна кампања во Бугарија. Политичарите таму

СНИМАЛ ВОЕН КОНВОЈ НА КРИВОЛАК Кривична за 21-годишен жител на Неготино

16/04/2026

Дваесет и едногодишен жител на Неготино е осомничен дека снимал воени активности на армискиот полигон Криволак и ги објавил на

Новинарот Скрински во „Ноќно студио“: Политичарите чекаат да се мразиме, но Македонците и Бугарите нема

16/04/2026

Светот е доволно поделен и секогаш може да се најде причина за кавга, но граѓаните на Македонија и Бугарија имаат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy