Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Давкова-Ердоган: Силно пријателство и нов импулс за соработка
Македонија

Средба Давкова-Ердоган: Силно пријателство и нов импулс за соработка

16/04/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари билатерална средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, при што беше нагласено дека односите меѓу двете земји се базираат на пријателство, доверба и континуирана поддршка.

На почетокот на разговорите, Сиљановска-Давкова изрази сочувство за жртвите од вчерашниот инцидент во училиште во Турција, посакувајќи им побрзо закрепнување на повредените. Таа истакна дека Турција во повеќе наврати покажала солидарност со Македонија, особено во тешки моменти.

Во разговорите беше потенцирана и присутноста на турските институции и компании во земјата, вклучително и ТИКА, која има реализирано над илјада проекти, како и образовните и културните институции и компании кои делуваат во повеќе сектори.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста од потпишувањето на Заедничката политичка декларација за формирање Совет за соработка на високо ниво, што треба да овозможи поорганизирана и поинтензивна билатерална соработка, како и одржување на прва меѓувладина седница.

Сиљановска-Давкова ја поздрави и иницијативата за Балканска мировна платформа, оценувајќи ја како значаен чекор кон зајакнување на регионалниот дијалог и стабилност.

Воедно, таа се заблагодари за поддршката што Турција ја дава во модернизацијата на македонската Армија, додека двајцата соговорници се согласија дека постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите.

Како можност за унапредување на економската соработка беше посочен и најавениот бизнис-форум во Турција.

На средбата се разговараше и за положбата на турската заедница во земјата, при што беше истакната потребата од правична застапеност и подобрување на условите во одредени образовни институции.

Двајцата претседатели изразија уверување дека постојните предизвици ќе бидат надминати, а Сиљановска-Давкова упати покана до Ердоган за официјална посета на земјата.

Претседателката престојува во Турција по повод учеството на Дипломатски форум во Анталија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy