Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за 6.000 денари, повеќе нема да не гледате на улица!
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за 6.000 денари, повеќе нема да не гледате на улица!

17/02/2026

AA

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го блокираше влезот на Владата на булевар „Илинден“ во знак на притисок за зголемување на минималната плата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, појасни дека синдикатот остава простор за договор до крајот на февруари, но доколку барањата не бидат исполнети, во првата половина на март следува генерален штрајк и голем работнички протест, со организиран превоз од останатите градови за сите кои ќе сакаат да учествуваат.

„Бараме минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за разликата до новата минимална плата, најмалку за 6.000 денари. Доколку Владата го исполни тоа барање, нема повеќе да ме гледате на улица. Се додека не се исполни, ќе продолжиме со протести“, порача Трендафилов.

Претседателот на ССМ го оцени сегашното зголемување на минималната плата минатата година како неприменливо, бидејќи било донесено без согласност на Економско-социјалниот совет, спротивно на законот. Тој истакна дека барањата на синдикатот се реални и дека во државниот буџет има средства, но тие се лошо распоредени.

„Минималната плата не е зголемена во последните 24 месеци во согласност со растот на синдикалната минимална кошница. Ако во март се усогласи законот, зголемувањето ќе биде до 1.700 денари. Ако некој смета дека треба да се откажеме, слободно нека го каже, но ако смета дека треба да се бориме – треба да излезе на улица со нас, затоа што само така можеме да ги заштитиме работничките права“, додаде Трендафилов.

Со денешната блокада на Владата, ССМ ја заврши втората фаза на своите активности, по претходните блокади на Собранието и Стопанската комора. Од Владата засега нема реакција, а синдикатот очекува почеток на преговори со работодавачите, со цел да се постигне договор во рамки на трипартитниот дијалог предвиден од МОТ.

Работодавачите, од своја страна, посочуваат дека зголемувањето на платите би можело да се одрази на работењето на компаниите и бараат субвенции за дел од придонесите, предлог што лани не беше прифатен од Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy