Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија
Македонија

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026

AA

На судењето за случајот „Онкологија 2“, кој се однесува на злоупотреби на буџетот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, сведочеше претставник на Државниот завод за ревизија, кој посочи на долгогодишни неправилности во финансиското и материјалното работење на клиниката.

Сведокот посебно ја истакна проблематиката со планирањето и дистрибуцијата на биолошката терапија – еден од најскапите сегменти во онкологијата. Наместо одлуките да ги носи стручен колегиум на лекари, планот за набавка се правел според минатите потрошувачки, без анализа на потребите на пациентите и без проверка дали има доволно лекови за сите. Дополнително, ревизорот укажа на разлики во евиденцијата помеѓу тоа што аптеката го издавала и што организациските единици пријавувале како примено. Причина за тоа било што дел од терапијата се набавувала „на реверс“, без договор и утврдена цена.

Во 2021 година, одобрение за терапија давал медицинскиот директор, без да се знае дали лековите се доволни за сите пациенти, што отвора ризик од селективен пристап. Клиниката немала усвоени медицински протоколи за критериумите кои пациенти имаат право на биолошка терапија, што, според ревизорот, е спротивно на законите и создава нееднаквост меѓу пациентите.

Сведокот исто така укажа дека набавките понекогаш се вршеле пред да заврши постапката за јавна набавка и покрај тоа што многу лекови имаат ексклузивни продавачи. Ова го нарушува принципот на конкуренција и остава простор за злоупотреби. При редовниот попис, ревизорите не можеле точно да утврдат со што располага клиниката – од опрема, возила, нематеријални средства до лекови и материјал, ниту да ги усогласат со сметководствените книги, што ја прави финансиската документација недоверлива.

Во случајот „Онкологија 2“, поранешните директори Нино Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
Македонија

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се

26/07/2026
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат

26/07/2026

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026

Човечки череп и други предмети биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

26/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со порака на сеќавање и почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy