Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди бара напуштањето да стане кривично дело
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди бара напуштањето да стане кривично дело

17/02/2026

AA

Дури пет од шест кучиња заловени од ЈП „Лајка“ за еден ден биле со сопственик, предупредуваат од организацијата за заштита на животни Анима Мунди, нагласувајќи дека ова ја открива суштинската причина за продолжувањето на проблемот со бездомните кучиња.

„Овој пример не е единствениот извор на проблемот, но е видлив доказ во практика. Неодговорното сопствеништво, заедно со дислокација на кучиња и континуиран прилив на животни од различни места, го нарушуваат системот за контрола и создаваат состојба во која е речиси невозможно да се намали бројот на бездомни кучиња“, соопшти Анима Мунди.

Организацијата посочува дека додека ЈП „Лајка“ троши ресурси за заловување, стерилизација и згрижување на животните, нови кучиња постојано завршуваат на улица. Без санкции и без лична одговорност на сопствениците, системот третира само последиците, но не и причините на проблемот.

Во последните 4,5 месеци, додаваат од Анима Мунди, е забележано и организирано префрлање на кучиња од една општина во друга, што дополнително ја продлабочува кризата, особено во Скопје.

„Фактот дека пет од шест заловени кучиња имаат сопственик е директен доказ дека проблемот не може да се реши без строга законска регулација. Потребни се сериозни и доследно применувани казни за неконтролиран расплод, пуштање кучиња без надзор и напуштање животни“, се наведува во соопштението.

Анима Мунди апелира напуштањето на миленик да стане кривично дело, како што е случај во повеќе европски земји, вклучувајќи Хрватска, Франција и Португалија. Иницијативата е доставена до Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Владата на РСМ и Агенцијата за храна и ветеринарство, а се очекуваат конкретни законски измени и измена на Законот за заштита и благосостојба на животните.

„Животните не се виновни што се на улица. Решението не е нивно убиство, туку спречување создавање нови напуштени животни преку реална и строго санкционирана одговорност. Системот мора да ги спречи проблемите пред да се појават“, заклучуваат од Анима Мунди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани

09/09/2026

Полицијата во изминатото деноноќие санкционирала сериозни прекршоци во сообраќајот, при што 21 возач бил лишен од слобода поради сомнение за

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy