Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спор пред меѓународна арбитража „виси“ и над Иловица, има ли правен основ за тужба?
Економија

Спор пред меѓународна арбитража „виси“ и над Иловица, има ли правен основ за тужба?

20/07/2023

AA

Кои се правните можности инвеститорот во рудникот „Иловица-Штука“ да
покрене меѓународна арбитража? Дилемата се покрена откако компанијата „Еуромакс
ресоурсес“ најави дека правдата би ја барале и пред меѓународните судови, доколку
надлежните институции не постапат согласно последната одлука на Управниот суд и
не се овозможи реализација на, како што велат од компанија, најголемата
инвестиција од независноста на државата.

Магистерот по правни науки на
британскиот универзитет Кембриџ, Влатко Токарев, на својот фејбук профил неодамна
напиша дека „Владата
не може да ја користи оваа празна закана како изговор за враќање на концесијата
на Еуромакс“.

„Директни инвеститори – сопственици на Еуромакс се
компании од Обединетото Кралство и Канада, а Македонија нема склучено
меѓународни договори за заштита на инвестиции со овие држави. Оттука, нема
арбитражна спогодба на која тие можат да се повикаат. Таква арбитражна спогодба
не може да има ниту во договорот за концесија склучен со Еуромакс“, смета
правникот Токарев.

Побаравме одговор од компанијата која би била правната основа за евентуално
покренување спор пред меѓународните судови, од „Еуромакс Ресоурсес“ се повикаа
на билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и
Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Од компанијата појаснуваат дека
нивен мнозински акционер е Групацијата Трафигура, која како правно лице подлежи
на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба.

„Согласно член 10 став 1 од билатералната спогодба, кога ќе настане спор
меѓу заштитените инвеститори и Република Северна Македонија, ќе се одржат
активни консултации меѓу засегнатите страни со цел спорот да се реши на
„пријателски начин“. Понатаму, доколку консултациите не резултираат со решавање
на административниот спор, спогодбата предвидува дека инвеститорот може да
поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски
спорови (ICSID) или Ад-хок судот воспоставен во согласност со арбитражните
правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации
(UNCITRAL). Овој механизам за решавање на спорови, како што е утврдено во член
10 од билатералната спогодба, е договорен за страните во спорот да имаат
можност да ги решат своите разлики по пат на преговори, наместо скапи и
долготрајни меѓународни процеси. Еуромакс Ресоурсес трпеливо даде можност во
нормална, но за жал долготрајна судска постапка пред управните судови во
Македонија, да се дојде до легитимно правно решение“, се вели во одговорот од
„Еуромакс ресоурсес“ за Фактор.

Од компанијата додаваат дека веќе ја повикале Владата на консултации кои би
завршиле со спогодба, односно на „пријателски начин“. Тие доставиле „формално
известување“ уште во март 2020 година и додаваат дека ваквото известување е
последен формален и правен чекор пред отпочнување на арбитражната постапка. Но,
до консултации не дошло.

Прашањето за рудникот повторно се актуелизира откако Владата на 27 јуни ја
усвои Одлуката за спојување на концесиите за експлоатација за „Иловица-Штука“,
по предлог на Министерството за економија. По ова следуваше протест на
активистите од „Зелена котлина“, кои велат дека со одлуката се отвора патот за
отворање на рудникот. Од Илинденска најавија дека во вторник на седница веќе
усвоената одлуказа спојување на концесиите повторно ќе ја разгледуваат.

Според дел од правните експерти пак, би можело да е спорно евентуалното повлекување на веќе донесена одлука на Влада.

„Во суштина отповикување одлука не постои, туку
може истата да се огласи за ништовна. Но и тука треба сериозно да се види дали
има основ затоа што не е тоа така регулирано во секој случај да се огласи акт
за ништовен. Ако тоа го направиме без притоа да имаме сериозен правен основ
тогаш ние даваме сериозни аргументи во случајот концесионерот и ние да
исплаќаме како држава сериозни суми кон него заради ноесење на одлука, а потоа
истата да се огласи за ништовна“, изјави за Телма асистентот за уставно право
Константин Битраков.

На брифинг со новинарите, министерот за економија Крешник Бектеши истакна
дека каков и да е исходот од владината седница, Министерството повторно би
испратило до Владата предлог-одлука за спојување на концесиите. Тој вели дека
таквиот предлог би бил во согласност со членот 61 од Законот за минерални
суровини. За одлуката за спојување на концесиите тој се повика на судските
пресуди што претходно ги имаат донесено Управниот суд и Вишиот управен суд и
укажа на можноста од покренување арбитражна постапка од страна на инвеститорот.
Од Министерството претходно потенцираа дека
одлуката за спојување на концесиите е административна постапка со која само
технички се спојува просторот на веќе доделените концесии, а основ се одлуките
на Управниот суд.Овие судски одлуки пак, се во корист на „Еуромакс
ресоурсес“, кој ги покрена тужбите против Владата и нивната одлука за раскин на
концесијата.

„Управниот суд смета дека спојувањето на концесиите претставува посебно
правно прашање односно посебна постапка за која надлежниот орган до кој е
доставено Барањето Министерството за економија, согласно правилата на управната
постапка е должен да постапува и да донесе соодветен управен акт. Постапувајќи
по насоките од предметната пресуда, Владата на Република Северна Македонија ја
донесе Одлуката за спојување на двете концесии за експлоатација, доделени на
ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје. Сакаме да информираме дека со усвојувањето на
оваа предлог-одлука, Владата ги изврши донесените одлуки на Управниот и Вишиот
управен суд и го спроведе членот 61 од Законот за минерални суровини, односно
веќе доделените концесии се спојуваат во една целина“, соопштија неодамна од
Министерството за економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Спасовски: Власта мора да каже како ќе се продолжи европскиот

23/05/2026
Македонија

Владата и Министерството за финансии си ја префрлаат одговорноста за

22/05/2026
Македонија

Рафајловски: Премиерот Мицкоски има искрена желба да помогне, но тимот

22/05/2026
Македонија

Предложен притвор за косовски државјанин по трагичната сообраќајна несреќа на

22/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за

22/05/2026
Македонија

Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ

22/05/2026
Македонија

Муцунски: Македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори

22/05/2026
Македонија

Трагичен крај на потрагата во Гостиварско: Исчезнат овчар пронајден мртов

22/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Спасовски: Власта мора да каже како ќе се продолжи европскиот пат

23/05/2026

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“,

Владата и Министерството за финансии си ја префрлаат одговорноста за платата на отсутниот вицепремиер Фетаи

22/05/2026

Министерството за финансии тврди дека само Владата има информации за исплатите Министерството за финансии одговори на прашањата на СДК.МК во

Рафајловски: Премиерот Мицкоски има искрена желба да помогне, но тимот не ги реализира задачите

22/05/2026

Рафајловски за работата на новата Влада: Желба има, но реализацијата потфрла Во последното издание на емисијата „Бизнис 21“, познатиот стопанственик

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy