Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Граѓаните на Берлин во паника: Лавица шета по улиците на градот, полицијата ги предупреди жителите: „Не излегувајте“
Македонија

ВИДЕО Граѓаните на Берлин во паника: Лавица шета по улиците на градот, полицијата ги предупреди жителите: „Не излегувајте“

20/07/2023

AA

Берлинската полиција во средата на 19 јули испратила тревога дека големо диво животно, веројатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин.

Жителите на Берлин се предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории.

Полицијата и пожарникарите рано утринава преку социјалните мрежи објавија дека веруваат дека дивото животно забележано во текот на ноќта најверојатно е лавица.

Жителите наводно добивале пораки преку апликации за предупредување. Меѓу другото, од нив беше побарано да не одат на прошетка во шума и да се засолнат во своите куќи или автомобили доколку видат животно.

Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

German police are asking people near Berlin to stay inside after a big cat, believed to be a lion, was seen pic.twitter.com/1tspcIikrQ

— BNO News (@BNONews) July 20, 2023

Тие рекоа дека не знаат од каде би можело да дојде животното , откако провериле во зоолошки градини, циркуси и засолништа за животни кои рекле дека не им недостасува лавицата.

„Распоредивме голема сила на локацијата за да го заштитиме населението“, рече портпаролот на полицијата.

Потрагата по осомничената лавица е фокусирана на општината Клајнмахнов во јужниот дел на Берлин. Општината има околу 20.000 жители.

Портпаролката на општината рече дека децата од градинките не смеат да влезат во околните градини и дека пазарџиите биле советувани да не поставуваат тезги во моментов.

„ Вакви работи не се случуваат секој ден “, рече таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата и Министерството за финансии си ја префрлаат одговорноста за

22/05/2026
Македонија

Рафајловски: Премиерот Мицкоски има искрена желба да помогне, но тимот

22/05/2026
Македонија

Предложен притвор за косовски државјанин по трагичната сообраќајна несреќа на

22/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за

22/05/2026
Македонија

Рубин Земон поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ

22/05/2026
Македонија

Муцунски: Македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори

22/05/2026
Македонија

Трагичен крај на потрагата во Гостиварско: Исчезнат овчар пронајден мртов

22/05/2026
Македонија

Поништена е јавната набавка за 150 електрични автобуси

22/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy