ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила уште еден прекршок
Полициски службеник од Полициската станица Драчево возел автомобил без положен возачки испит, со истечена сообраќајна дозвола. Против него кривична пријава поднела внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Станува збор за полицаецот Ш.А., кој на 1 октомври управувал автомобил надвор од работното време.
Според МВР, возилото било со истечен рок на важност на сообраќајната дозвола, а полицаецот воопшто немал положено возачки испит.
Внатрешната контрола утврдила и дека тој не ги почитувал прописите за безбедност во сообраќајот.
Против Ш.А. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство поради сомнение за „безобѕирно управување со моторно возило“, според член 297-а од Кривичниот законик.
Одделот за внатрешна контрола поднел и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина.
.
Извор: plusinfo.mk