Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на пациенти, меѓу нив и деца
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на пациенти, меѓу нив и деца

17/10/2026

AA

Во пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство.

Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза.

Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година.

Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид.

Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март – 27, април – 23 и во јуни – 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство.

Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство.

Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените.

Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти.

Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година..

Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
Македонија

ДЕВЕТ ЧАСА НУРКАЊЕ ДОНЕСОА 3 СВЕТСКИ РЕКОРДИ ЗА МАТКА Врело

17/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈМАЛКУ ПРИЈАВЕНИ СИЛУВАЊА ВО ЕВРОПА Шведска

17/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ И УНИШТЕНИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА

17/10/2026
Македонија

АХВ УНИШТИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА И

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46222
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин приведен 45-годишник

17/10/2026

Пријава за семејно насилство довела до полициски претрес во тетовското село Групчин, при што биле пронајдени делови од оружје и

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица чувал пиштол и кокаин под

17/10/2026

Пиштол под кревет и кокаин скриен во навлака од перница пронашла полицијата при претрес во тетовското село Голема Речица. Приведен

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила уште еден прекршок

17/10/2026

Полициски службеник од Полициската станица Драчево возел автомобил без положен возачки испит, со истечена сообраќајна дозвола. Против него кривична пријава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy