НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени
Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 3 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе д ува слаб до умерен ветер од северен правец.
До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди.
Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.
.
Извор: plusinfo.mk