ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица чувал пиштол и кокаин под перница
Пиштол под кревет и кокаин скриен во навлака од перница пронашла полицијата при претрес во тетовското село Голема Речица. Приведен е 57-годишниот А.А., кој за време на претресот им се заканувал на полицајците, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Претресот бил извршен вчера, од 15 до 16.30 часот, врз основа на судска наредба. Полицијата го проверила домот на осомничениот и помошните простории.
„Во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка ‘екол дуал’ со една празна рамка“, информира МВР.
Во помошна просторија, во навлака од перница, полицајците пронашле 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема кеса со истата дрога.
Претресот бил спроведен поради сомнение за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
.
Извор: plusinfo.mk