Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и О’Брајан од Вашингтон: Периодот што следи е битен за РСМ во кој правец ќе се движи понатаму
Македонија

Спасовски и О’Брајан од Вашингтон: Периодот што следи е битен за РСМ во кој правец ќе се движи понатаму

12/01/2024

AA

Во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Средбата помина во пријателска атмосфера, а се разговараше на повеќе теми, меѓу кои поддршката од САД за МВР и за државата генерално, напредокот во борбата против корупцијата, како и за листата на санкции на САД.

„Преку програми за обука, заеднички операции, модернизација на единиците на МВР, направивме значителен исчекор во почитувањето на владеењето на правото и особено во заштитата на нашите граѓани од штетните влијанија на корупцијата. Императив за Владата на Република Северна Македонија и МВР е борбата против корупцијата, да победат чесните наспроти корумпираните. Успехот во таа борба е можен само со институции кои постапуваат со интегритет, професионално и неселективно, особено во делот на правосудството”, истакна Спасовски. Притоа, тој сподели статистика за резултатите на МВР во делот на борбата против корупцијата.

„Од аспект на МВР, можам да кажам дека само во 2023 година утврдени се над 64 коруптивни злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50%. Воедно, би сакал да истакнам дека за времето откако јас раководам со МВР, од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица”, Спасовски го информираше О’Брајан, изразувајќи ја благодарноста за неговите напори и вложувања во овој дел.
Притоа, Спасовски истакна дека сите директиви и лицата ставени на листата на санкции на САД ќе бидат ставени во законска рамка за да немаат можност да учествуваат во јавни набавки, да бидат дел од Владата, ниту пак да бидат кандидати за извршување јавни функции.

Во оваа прилика, Спасовски го информираше О’Брајан за Mеѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, како и за предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека уште еден значаен инструмент за успешно спроведување на борбата против корупцијата и организираниот криминал е и предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, во кој ќе се допрецизира делот на постапувањето по усвоени рестриктивни мерки на правни акти на Соединетите Американски Држави. Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на мерките на овој Закон ќе ги користи каналите за меѓународна соработка, пред се Интерпол, Европол, СЕЛЕК и др., преку кои ќе овозможи непречен проток на потребните информации во насока на понатамошно обезбедување на докази и спроведување на своите надлежности согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик”, подвлече Спасовски.

Од страна на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан беше потенцирано дека ова се многу важни чекори кои МВР и Владата на Република Северна Македонија ги преземаат во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На средбата двајцата соговорници, Спасовски и О’Брајан, се согласија дека европскиот пат нема алтернатива и периодот што следи е клучен за Република Северна Македонија, во однос на техничката Влада и изборите, предизвиците коишто доаѓаат се многу битни за тоа во кој правец ќе се движи државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy