Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата
Македонија

Спасовски: Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата

04/07/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

– Почитувани пријатели од Соединетите Американски Држави, Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на независноста на САД, со желби за континуирани просперитет и благосостојба на пријателскиот американски народ. Оваа година нашите американски пријатели ја одбележуваат 247-та годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност од 4 Јули, 1776 година – денот кога храбрите американски татковци одлучија да ја земат судбината во свои раце и да работат кон изградба на земја која ќе им овозможи ним и на идните генерации Американци да живеат во мир и слобода, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според него, Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата.

-Американскиот патриотизам се базира на принципи според кои ниту една личност, ниту една партија, ниту една група на интерес не може да биде над Америка. Тоа е американската приказна. И, долга е низата на патриоти кои ги положиле животите во име на таа света чест за одбрана на оваа нација и на демократијата ширум светот – за слобода, за мир и безбедност, за нови можности, за каузата за правда, или ако сакате – за самата душа на САД – демократијата, наведува Спасовски.

Министерот за внатрешни работи потенцира дека американската демократија е водечка инспирација за демократиите на глобално ниво, а нам, како што наведува, ни претставува особена чест и задоволство што сме стратешки партнери, и што трансатлантската соработка ја унапредуваме како сојузници во НАТО.

– Водени од вредностите кои татковците на САД ги поставиле како темел на американската нација, ние, граѓаните на Република Северна Македонија, ја креираме нашата сегашност и ги поставуваме перспективите токму на тие темели на слобода, еднаквост, правдина. И токму тука се гледа и поддршката на вистинските пријатели – неизмерно сме благодарни на САД кои преку Амбасадата на САД во нашата земја ни пружаат неизмерна поддршка во развојот на нашата демократија, безбедност, економија, социјала, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според Спасовски, денес сме најбезбедна земја на Западен Балкан, со одржлив мир и заштитени права на секој еден наш граѓанин, без разлика на националната, верската или друга припадност.

– Република Северна Македонија денес има исклучително добра етаблираност на меѓународно ниво, со висок углед кај сите релевантни регионални и меѓународни организации и иницијативи, за што без дилема придонесе подадената рака на американските пријатели. Со силна увереност дека и во периодот кој следи, а е од исклучителна важност за нашата земја, ја имаме директната и недвосмислена поддршка од САД – обединети да работиме кон гарантирање на европската иднина на државата, секогаш водејќи се од премисата дека никој не е над државата, над интересите на граѓаните, посочува Спасовски.

Продолжуваме со Стратешкиот дијалог со САД за, како што напиша, уште поблиска и посуштествена соработка, со заеднички напори да градиме отпорност кон сите закани, да ја продлабочуваме соработката во сите области од заемен интерес и заеднички да придонесуваме за просперитет на регионот и на светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy