
Сончево со температури до 14 степени
Утрото студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.
