Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Турски државјанин заглавен меѓу с. Ново Коњарево и ГП со Бугарија, се јавил на 112!
Македонија

Турски државјанин заглавен меѓу с. Ново Коњарево и ГП со Бугарија, се јавил на 112!

01/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 36,42%, а 63,58% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,85%, кон Итната медицинска помош 31,42%, а кон пожарникарите 9,20% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,53% со другите 63,58% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.383 на број и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу с. Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот.

Инаку, пожари на шуми и вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари.
Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во нашата прекрасна природа, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy