
Собранието не може да почне со работа, доцнат пратеници и министри на седницата за пратенички прашања
На прсти се бројат присутните пратеници за седницата која требаше да започне во 11 часот.
Салата „Македонија“ каде се одржуваат пленарните седници е речиси празна.
Ги нема министрите, го нема премиерот, ги нема пратениците од власта и опизциијата.
Седницата требаше да започне во 11 часот, а на дневен ред се пратенички прашања кои се стандарден термин секоја последна недела во месецот.
