Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: На 10% намалена царината на дел од овошјето и зеленчукот, зголемни квоти за увоз на јужно овошје
Македонија

Бектеши: На 10% намалена царината на дел од овошјето и зеленчукот, зголемни квоти за увоз на јужно овошје

28/09/2023

AA

„Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку Одлуки со кои се намалуваат цариснките давачки од 65%, 55% и 45% на 10% за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1-ви декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешното гостување во емисијата „10 минути“ на Телевизија 24.

Како што информираше министерот според анализите на Министерството за економија има зголемен извоз извоз на земјоделски производи од нашата земја што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај домашните потрошувачи преку повисоки цени.

„Заради тоа што сме обврзани за тој недостаток да го покриваме преку увоз. Во моментот кога се прави увоз во овој период, за овие производи има царинска давачка од 65%. На пример ако ако еден земјоделски производ чини 100 денари при увоз, увозна цена, директно станува 165 денари, без никакви маржи да имаат трговците на мало или трговците на големо. Зошто е тоа направено, заради што имаме систематски пропусти и во таа насока треба и Министерството за земјодство, секако во соработка со нас и со Министерство за финансии да ги усогласиме овие давачки, бидејќи крајната цел е граѓаните да плаќаат пониски цени. А, ние тоа можеме да го направиме,  во регионот сме конкурентни и секако дека во таа насока и работиме.“кажа Бектеши.

Министерот Бектеши информираше дека донесена е и Одлука да се зголемат дозволените квоти за увоз на јужно овошје во Македонија со што очекува да се намалат цените на овие продукти во текот на годината.

„Зголемени се квотите за лимони, портокали, мандарини. Наместо 8.000 тони за јужно овошје, се зголемува за 2.000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме пониски цени“, рече Бектеши во телевизиското гостување на Телевизија 24.

Бектеши потенцираше дека со цел да се почитуваат одлуките на Владата инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се постојано на терен и дека изминатите неколку дена се затворени повеќе маркети во Куманово, Тетово, Гостивар и Струга кои не ги почитувале одлуките на Владата и не ги намалиле цените.

„Во делот на намалување на цените, согласно дописот на Министерството за економија целосно да се почитува и Законот за заштита на потрошувачите. Таму се предвидени одредени работи во делот на неможност на трговците да ги стават во заблуда потрошувачите, да направат измама кон потрошувачите и да наведат ознака гарантирана цена, а при контрола таа цена да не биде намалена, согласно цените кои биле од 1-ви август, минус 10% од тие цени. Според Законот, глобите се затварање на објектот од 3 до 30 дена максимум, плус парична казна, согласо проценката на инспекторите, тие ќе одлучат колку е обемот на измамата.“ кажа министерот Бектеши.

Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10% на: домат, свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз, карфиол,брокола,главчеста салата,друга салата,моркови, модар патлиџан, тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во Службен весник и ќе траат до 28 февруари 2024 година.

Исто така според Одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните 8.000 тони се зголемени безцаринските квоти за агруми, свежи или сушени, портокали, мандарини, клементини,грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник до 31 декември 2023 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy