Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Со ваквиот однос кон работниците, за многу брзо време работници ќе нема“: Трендафилов за „неработната недела“
Економија

„Со ваквиот однос кон работниците, за многу брзо време работници ќе нема“: Трендафилов за „неработната недела“

24/07/2024

AA

Сојузот на синдикати на Македонија најостро се спротиставува на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија да се разгледува Законот за недела неработен ден.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетува дека ССМ по пат на протести и штрајкови и преку социјален дијалог со Организација на работодавачи на Македонија и Владата го утврди правото недела да биде неработен ден за повеќе од 80 проценти од работниците, со право на додаток на плата за работниците кои работат во исклучоците каде што работниот процес не може да се прекине.

– Денес, работниците во Македонија се соочени со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати, како и барањата на газдите од Стопанската комора за кратење на работничките права, а особено кратење на неработните денови. Нагласуваме дека недела неработен ден врати малку од работничкото достоинство, а на претставниците од Стопанската комора им порачуваме дека со ваквите нивни ставови и ниските плати кои ги даваа на работниците предизвикаа егзодус на квалификуваните работници од Македонија. Истовремено, ги потсетуваме дека и сабота е неработен ден за работниците во Македонија поради тоа што во Македонија, по правило работната недела трае пет работни денови, вели Трендафилов за МИА.

Од ССМ прашуваат во кое својство Стопанската комора се појавува со барања кога партнер на синдикатите во социјалниот дијалог е Организацијата на работодавачи на Македонија. 

– Најостро се спротиставуваме на ваквите несериозни барања, а доколку продолжат со ваквиот однос кон работниците, за многу брзо време работници ќе нема, а газдите сами ќе треба да ги засукаат ракавите и да работат, велат од ССМ.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вчера изјави дека би сакал да има средба со синдикатите на која ќе ги соочат аргументите за недела неработен ден. 

– Мислам дека е време да седнеме и со нив да поразговараме. Ние за тоа имаме свои аргументи. Не ги криеме аргументите, ги изнесовме јасно. Тоа беше и на Уставен суд. Значи, ние зборуваме дека за секој закон од системски карактер по шест месеци или година дена, треба анализа која ќе покаже што треба да се корегира или сосема да се менува. Јас тврдам дека анализа за овие закони за кои зборувам не е направена, а тие директно „брцаат“ во џебот на бизнисот, наместо да ги регулираат односите меѓу нас, изјави Азески.

Стопанската комора на Северна Македонија покрена и иницијатива пред Уставен суд за овој закон по што уставните судии одлучија недела да остане неработен ден за работниците. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре може да ги продаде и

16/10/2026

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер

16/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за

16/10/2026

Локалните избори во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДСМ, полна со навреди и со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy