Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со Америка управуваат 80-годишници: Едниот зјапа во празно, другиот постојано паѓа
Македонија

Со Америка управуваат 80-годишници: Едниот зјапа во празно, другиот постојано паѓа

29/07/2023

AA

Лидерот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Меконел има 81 година, а претседателот Џо Бајден со 80 години е најстариот американски претседател во историјата на земјата. Поради ова се почесто се поставува прашањето дали со САД управуваат „старци“.

Во средата, Меконел паузираше на средината на реченицата и молчеше следните дваесет секунди, а потоа беше однесен, за подоцна да се врати и да каже дека е „добро“.

Тоа беше последниот во серијата настани во кои водечките американски политичари покажуваат знаци на старост.

На 80-годишна возраст, претседателот Џо Бајден е најстариот американски претседател во историјата на земјата и е речиси две децении постар од просечната возраст на другите светски лидери, според Pew Research, пренесува Index.hr.

Неговата напредна возраст предизвика дебата за тоа дали треба да се кандидира за втор мандат во Белата куќа. Бајден се сопна преку вреќа со песок на сцената во јуни, падна качувајќи се на владин авион две години претходно, оди полека и често се лизга.

Ако Американците сакаат некој помлад на претстојните избори следната година, нема да бидат задоволни со Доналд Трамп, актуелниот миленик на републиканците, кој има 77 години. Анкетата на Ројтерс покажува дека мнозинството Американци мислат дека ниту еден од нив не треба да се кандидира поради нивната возраст.

Сепак, актуелниот претседател на САД не е ниту во првите десет моментално најстари светски лидери, предводени од претседателот на Камерун, Пол Бија (89). На листата е и палестинскиот претседател Махмуд Абас (87).

Од друга страна, Бајден е помлад од некои членови на Конгресот. Републиканскиот сенатор Чак Грасли има 89 години, демократската сенаторка Дијана Фајнстен исто така има 89, а сенаторот Берни Сандерс има 81 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy