Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга
Магазин

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга

29/07/2023

AA

Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со неговото возило му го попречил патот на Д.А., кој бил со своето возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

По преземените мерки од полициски службеници на СВР Охрид- НККР Струга во координација со Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за општ и насилен криминал против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје, наведуваат од МВР.

Порано денеска и од ЈОРМ соопштија дека Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и оти до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставиле предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 МОНИКА ЗАЈКОВА НА КОНГРЕС Е РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА

29/11/2026
Македонија

ВЕЕЛЕ ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА Полицијата на тројца ќе им

29/11/2026
Македонија

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач

29/11/2026
Македонија

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ

29/11/2026
Македонија

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА

29/11/2026
Македонија

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ

29/11/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46994
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 МОНИКА ЗАЈКОВА НА КОНГРЕС Е РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЛДП Доби едногласна поддршка од

29/11/2026

Пратеничката Моника Зајкова, на 9. когрес на партијата, повторно е избрана за претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП). За неа гласаа

ВЕЕЛЕ ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА Полицијата на тројца ќе им поднесе пријави

29/11/2026

Министерството за внатрешни работи најави поднесоци против тројца граѓани кај кои на вчерашниот Ден на албанското знаме е најдено знаме

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач на ОН рече дека ЕУ

29/11/2026

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат, призна дека во регионот постојат силни сили кои се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy