Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики им помага на младите
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики им помага на младите

29/11/2026

AA

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање, рече денеска Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти. Исто така, годинава Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и располага со буџет од 40 милиони евра, од кои 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување.  Опфатени се 6.000 лица до 29-годишна возраст, а предвиден е и младински додаток во износ од 3.000 денари – рече Шамбевски.

Освен политиките за вработување, Владата работи и да го унапреди системот за финансиска поддршка на студентите преку нов модел на стипендирање, додаде тој.

– Со новиот модел се предвидува задржување на вкупниот број од 3.000 стипендии, но со поинаква распределба и категории, со цел поддршката да биде насочена кон различните потреби и образовните профили на студентите. Па така, предвидени се 1.200 стипендии во категоријата за социјална поддршка, наменети и за студентите со попреченост и студентите со ретки болести. Се воведува категорија стратешки стипендии, со 1.050 стипендии за студентите кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата, меѓу кои математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Предвидени се и 750 стипендии за студентите кои остваруваат висок академски успех – реше тој.

Со цел да се создадат услови за младите брачни парови при решавање на станбеното прашање, веќе се подготвуваат закони, рече Шамбевски.

– Една од мерките се однесува на младите брачни парови до 35 годишна возраст и предвидува можност за стекнување станбен простор по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Градежните компании кои ќе сакаат да градат ќе имаат обврска да издвојат најмалку 10% од станбената површина за оваа категорија граѓани, за да се овозможи пристап до станбен простор под поповолни услови. Втората мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години кои имаат намера да изградат сопствен дом. Се предвидува ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, односно комуналии кон општината – рече Шамбевски.

За да се подобри студентскиот стандард и овозможување полесен пристап до услуги, додаде тој, се подготвува и ново законско решение за воведување студентска картичка. Со оваа картичка, студентите ќе можат да остваруваат 20% попуст за услугите достапни преку апликацијата М-услуги, во текот на целата година.

– ВМРО-ДПМНЕ покажува дека грижата за младите ја преточува во конкретни дела. Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија – рече потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Шамбевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46987
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ Сообраќајот е во прекин

29/11/2026

Патниот правец пред кумановското село Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал на

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен

29/11/2026

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар. Станува збор за државното

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни, „Македонија пат“ апелира возачите да

29/11/2026

Сите патни правци се проодни, а екипите го расчистуваат снегот со сета расположлива механизација, соопшти утрово ЈП „Македонија пат“. Од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy