Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане запаметен по Пладневниот радио весник и љубовта кон Скопје
Македонија

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане запаметен по Пладневниот радио весник и љубовта кон Скопје

29/11/2026

AA

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио – Радио Скопје и во македонското новинарство.

Тој е роден на 8 септември 1948 година во Скопје. Мојсовски целиот работен век го мина во Македонското радио извршувајќи повеќе одговорни функции. Особено ќе остане запаметен како уредник на дескот, но и како уредник и водител на Пладневниот радио весник, една од препознатливите информативни емисии на Македонското радио. Со својот професионализам, новинарско искуство и посветеност на работата, беше дел од новинарскиот идентитет на радиото и од секојдневието на многу слушатели.

Професионалниот пат го однесе и во македонската редакција на Дојче веле, каде исто така го вложи своето новинарско знаење и искуство.

Мојсовски беше и ментор и учител за многу генерации помлади новинари. Тие од него учеа не само како се подготвуваат и водат вести, туку и што значат професионалната одговорност, точноста, посветеноста и почитта кон новинарската професија.

Неговата љубов кон Скопје беше уште едно важно обележје на неговиот живот. Како човек длабоко приврзан за родниот град, автор е на неколку изданија на својата книга посветена на Скопје, во која низ лични сеќавања и реминисценции ги бележеше неговите некогашни ликови, улици, дух и промени низ времето. Тоа беше негов начин да го зачува градот што го паметеше и го сакаше, но и да го доближи до оние што не го доживеале таков.

Долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари, потврдувајќи ја својата приврзаност кон традицијата, градот и кон скопјани.

Со заминувањето на Мојсо Мојсовски, Македонското радио губи свој долгогодишен новинар и уредник, а многумина од неговите колеги – човек од кого учеле, со кого работеле и со кого ги споделувале годините поминати во редакцијата.

Зад него остануваат професионалната трага, спомените на колегите и гласот што со години беше дел од радиото на многу генерации слушатели.

Последното испраќање на Мојсо Мојсовски ќе биде во вторник, 1 декември. Опелото ќе се одржи во капелата во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ

29/11/2026
Македонија

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА

29/11/2026
Македонија

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ

29/11/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46991
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ВО ТЕТОВО Сослушано

29/11/2026

Утврден е идентитетот на лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово, за време на прославата на денот

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Во

29/11/2026

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот технички премиер и бивш собраниски спикер Талат Џафери, го честитаа Денот на албанското

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за инцидентот во

29/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ најстрого го осудија сквернавењето на македонското знаме во Гостивар и ги повикуваа надлежните институции да постапат. „ВМРО-ДПМНЕ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy