🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ВО ТЕТОВО Сослушано е во присуство на родител
Утврден е идентитетот на лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово, за време на прославата на денот на албанското знаме, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.
Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Полицијата информираше и дека се регистрирани 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме на подрачјата на Скопје, Тетово, Охрид и Куманово. Досега се поднесени 2 кривични пријави, изготвени се 10 записници за констатирани прекршоци, а 3 лица се лишени од слобода.
.
Извор: plusinfo.mk