Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО 65 „ЗА“ ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОСУДА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ ЗА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ Крај на шпекулациите на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

СО 65 „ЗА“ ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОСУДА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ ЗА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ Крај на шпекулациите на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

17/12/2025

AA

Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Тој потенцираше дека Владата никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти на територијата на општините во државата. Со оваа Резолуција, како што посочи, се става крај на сите шпекулации и намерно пласирани невистини кои ги слушаме.

Мицевски нагласи дека Резолуцијата има и јасна превентивна улога – таа испраќа порака дека прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавниот мир не смеат да бидат предмет на лаги и политички конструкции.

– Република Македонија се наоѓа во состојба на десет дена континуирана дезинформација по одредени теми и од таа причина, една од мерките којашто ние како одговорно владејачко мнозинство имаме да го преземеме е да укажеме на граѓаните дека она што го тврди дел од опозицијата, и од таа причина јавноста којашто беше изложена на организирана и координирана кампања на дезинформации и манипулации со коишто дел од опозицијата свесно создаваше страв, несигурност и паника кај граѓаните преку лажни тврдења за наводно прифаќање на мигранти и изградба на мигрантски кампови, се настојуваше да се урне довербата во институциите и да се злоупотреби чувството на безбедност на граѓаните за дневнополитички цели. Овие лажни сценарија немаат никаква основа во реалноста и не соодејствуваат ниту со политиките на парламентарното мнозинство, а со тоа ниту на владините политики. Напротив, парламентарното мнозинство и власта имаат јасна и доследна и непроменета политика против нелегалната миграција. Владат никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување на мигранти на територијата на општините, бидејќи се има обид да се симне оваа тема на општинско ниво и нема да дозволи да се случува никаде во државата – изјави Мицевски.

Од таа причина, нагласи Мицевски, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од колегите од Вреди и ЗНАМ, ја барам вашата поддршка да ставиме, како што рече, еднаш засекогаш крај на штетната реторика со прифаќање на оваа резолуција.

Пратеникот Малиша Станковиќ од СПМ, дел од Коалицијата „Твоја Македонија“, рече дека ова прашање не треба да се користи како дневно политичка алатка, но за жал, како што нагласи, тоа се прави од опозицијата.

– На нас како владејачко мнозиство, на Владата, генерално на власта и остануваат две опции, да си молчи и да остави оваа тема да помине, бидејќи ќе се види дека нема да дојдат мигранти. А, втората опција е да се обиде со сите свои средства да ги убеди граѓаните дека навистина не постои никаква реална опасност од тоа што се шпекулира во јавноста. Владата како одговорна влада и воопшто владејачкото мнозинство, веднаш прибегнуваат кон втората варијанта. Сакате резолуција, ете, еве ви резолуција. Еве резолуција во која сите заеднички ќе се сложиме дека мигранти, дали ќе биде лингвистички, дали се легални, нелегални, во каква било форма, од други држави, во Република Македонија нема да се населуваат. И тоа е суштината на оваа резолуција на која се потпишавме сите пратеници од владејачкото мнозинство, на кое се потпишав и јас – изјави Станковиќ.

Пратеничката Јована Мојсовска од Левица, во реплика, рече дека единствен аргумент за „оваа лошо склопена резолуција“ е дека „премиерот Мицкоски ветил“.

– Ако за Вас секој збор што премиерот Мицкоски ќе го каже е релевантен, тоа апсолутно не важи за нас и ние го имаме целосниот легитимитет, да имаме и тоа како скепса и дилема за она што го ветува премиерот. Јас апсолутно се сомневам во изјавите на премиерот, не затоа што доаѓам од опозицијата, туку затоа што тоа го покажува емпиријата… апсолутно имаме целосен легитимитет да не веруваме во неговите најави дека ќе понесе политичка одговорност доколку се покажат спротивни тврдења за мигранти, затоа што во изминатата година и половина не видовме никаква политичка одговорност за се што говоревте во опозиција, а сега ревносно го продолжувате – изјави Мојсовска.

Пратеникот и координатор на претеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, рече дека резолуцијата има превентивна улога, испраќајќи порака дека прашањата за безбедност, миграцијата и јавниот ред не смеат да се манипулираат за политички придобивки.

– Оваа резолуција не и се обраќа на опозицијата во целина, туку на опозицијата која се труди на секој недозволив начин да придобие политички поени на грбот на граѓаните и да создаде политичка нестабилност. Оваа резолуција е најсериозниот и најоштриот одговор како демократско средство – изјави Ќоку.

Пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците во Македонија, рече дека предлог резолуцијата претставува „директен напад врз темелните вредности на парламентарнат демократија“ и обид за „институционално замолчување на опозицијата и воведување на еднопартиско размислување“.

– Во ниту една развиена демократска држава нема да најдете резолуција со која мнозинството ја осудува опозицијата, зошто самата суштина на демократијата е во правото на несогласување, во правото на критики, во правото на поставување тешки прашања. Кога парламентот донесува резолуција против опозицијата, тогаш престануваме да бидеме демократска и влегуваме во опасни води на авторитаризмот – изјави Мурати.

Пратеничката и коодинатор на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, рече дека предлог резолуцијата на власта е „атипична и штетна за парламентарната демократија“, нагласувајќи дека со оваа резолуција создава опасен преседан и го поларизира општеството и ја префрла дебатата кон политичко етикетирање.

– Оваа резолуција е еден сериозен обид, како што изгледа, за да има повеќе авторитаризам и еден систем што е еднопартиски. Јас не знам како може да се изземе правото на говор на опозицијата, бидејќи во демократија одговорноста е индивидуална и има име. Ова е сериозна закана за демократијата и непочитување на човековите права. Ние сме против дезинформациите, но ова дефинитивно не е начинот за да се бориме против ова – изјави Ајдари.

Пратеникот од Алијанса за Албанците Халил Снопче, реагираше дека во резолуцијата се осудува целата опозицијата и упати прашање „зошто и тој се осудува“ и со што тој како претставник на опозицијата „го нарушил балансот и лошо ги информирал граѓаните“.

– Главната сила на еден демократски систем е дебата и треба да има дебата. Без дебата нема функционирање на демократијата. Интересен е фактот што опозицијата го има само тоа средство на располагање и опозицијата нема друго средство освен дебатата – изјави Снопче.

Членовите на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, претходно денеска на седница дадоа поддршка за Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy