БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата
На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација.
Инспектори од Дирекцијата за гранична контрола при Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) задржаа повеќе од два тона од овој производ при проверка.
Количината е откриена во камион за време на службена контрола, а задржани се вкупно 576 картони со по 20 пакувања кисело млеко. На пратката не ѝ е дозволен влез поради несовпаѓање помеѓу податоците во придружниот сертификат и ознаките на пакувањата, известува Агенцијата, додавајќи дека стоката е вратена на испраќачот истиот ден.
Агенцијата за храна нагласува дека контролата на граничните премини е постојана и има за цел да спречи пласирање на пазарот на храна што не ги исполнува безбедносните барања на Европската Унија.
.
Извор: plusinfo.mk