Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СНЕГОТ СЕ ЧИСТИ, СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Екипите се на терен со доволно механизација и персонал
Македонија

СНЕГОТ СЕ ЧИСТИ, СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Екипите се на терен со доволно механизација и персонал

21/01/2026

AA

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“ – соопшти АМСМ.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според Центарот за управување со кризи, на територијата на земјава во моментот нема активни врнежи од снег. Нема пријави за нови застои или сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот. Патните правци каде што претходно имаше снежна покривка се расчистуваат и опесочуваат, а сообраќајот се одвива во зимски услови, главно по влажни коловози.

Екипите на ЈП Македонија пат, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се континуирано на терен и постапуваат согласно приоритетите. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, а локалните патишта се расчистуваат таму каде што имало насобран снег.
Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои остануваат во сила таму каде што претходно беа воведени.
Снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето се стабилни, без евидентирани прекини. Надлежните служби ја следат состојбата и се постапува согласно информациите од АМСМ и теренските извештаи.
ЦУК и понатаму ја следи состојбата на терен и ќе ја информира јавноста доколку дојде до промени.
__

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането

11/10/2026
Македонија

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ

11/10/2026
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46101
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА Најстрого е забрането снимање и објавување видеа од

11/10/2026

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно предупредување до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад,

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ КОН ДРЖАВАТА КАКО КОН ЗАЕДНИЧКИ ДОМ Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова

11/10/2026

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание со порака

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy