Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ ИГРА СОЛО, ВОДИ АПСУРДНИ ПОЛИТИКИ, НАСКОРО ЌЕ ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА Петре Шилегов најавува силен внатрешен отпор во опозициската партија
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИГРА СОЛО, ВОДИ АПСУРДНИ ПОЛИТИКИ, НАСКОРО ЌЕ ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА Петре Шилегов најавува силен внатрешен отпор во опозициската партија

21/01/2026

AA

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ Петре Шилегов побара оставка од актуелното раководство на партијата поради катастрофалните резултати од работењето.

– Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа – рече Петре Шилегов во настап на емисијата Топ Тема на телевизија Телма

– Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција – рече Шилегов.

Тој потсети дека беше тргнат од потпретседателската функција во тнр. Операција „Метла“, а вториот пат не бил свикан конгресот кој го барала јавно поголема група активни партиски членови по локалните избори. Тој ја оспорува легитимноста на конгресот на партијата што го најави лидерот Филипче, со оглед што постои голема апатија во партијата и пасивизација на членството, како и изолација на партија.

– Ние немавме отчетен Конгрес за причините за поразот на СДСМ во изборите 2021. Согласно статутот мораше да има Конгрес тој Конгрес не беше одржан. После парламентарните избори 2024 пропадна Конгресот и сега се одржува Конгрес којшто до делегатите на Конгресот и до општинските организации на СДСМ не се испратени конгресните материјали, не се испратени предлог заклучоците, ниту се испратени предлог политички одлуки коишто треба да бидат разгледувани и донесени на самиот конгрес – рече Шилегов.

Тој објасни дека според статутот на партијата, општинските организации треба да ги разгледаат конгресните материјални, предлог заклучоците и да донесат свои мислења и видувања со цел делегатите да завземат одреден став, меѓутоа истите не биле испратени.

Според него, изгубен е социјалдемократскиот идентитет на партијата, а членовите не можат да се идентификуваат, а уште помалку да ја поддржат актуелната политика и одлуки што ги носи раководството.

Тој рече дека е спорна одлуката на лидерот Филипче да не учествува во лидерската средба, што не е одлука донесена од партиските тела, а објаснувањето „не седиме на маса со криминалци“, според него е апсурдно.

Исто така, според Шилегов, не е донесена никаква одлука на партиските тела да не се поддржува проектот „Безбеден град“ – став кој лидерот Филипче повеќе пати го артикулира, со објаснување дека камерите на системот може да се употребат против опозицијата. Според него, таквата позиција не е став на партиајта, туку лично гледање на Филипче.

– Убеден сум дека со вакво ВМРО-ДПМНЕ, ако се консолидираме за два месеци, на следните избори може да го поразиме. Поразително е да имате мнозинско опозициско расположение во земјата, а како опозициска партија СДСМ да се бори со ДУИ и со Левица, за втора и трета опозициска партија, а не да биде лидер на опозицијата. Ако дојде до брза промена на раководењето и креирањето на политики на СДСМ, јас ви гарантирам дека на следните вонредни избори, ваквото неспособно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе го порази – рече Петре Шилегов во настап на емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

Тој одговори на нападите од СДСМ дека „одработува за ВМРО-ДПМНЕ“ или дека „станал вмровец“ оценувајќи дека тоа се обиди за лична дискредитација и импутирања, кои се резултат на тоа што раководството нема што да одговори на неговите критики, аргументи и тези.

– Кога немате што да му одговорите во тезите на Шилегов, ќе измислувате се и сешто, дека како адвокат сум работел за вмровски претпријатија, дека сум пиел, тоа е резултат на немање аргументи.  Јас очекувам такви напади и после ова интервју, особено на социјалните мрежи – рече поранешниот градоначалник на Скопје во настапот на Телма.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy