Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи
Економија

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

16/01/2025

AA

„Скопски легури“, производителот на фероникел, кој не работи 13 години, во комплексот „Рудници и Железарница“ во Гази Баба прави нов обид да го рестартира производството. Паралелно со старото име „Скопски легури во стечај“, формирана е нова компанија „Скопскилегури Аллојс“ со главнина од 22 милиони евра. Директорот е ист – Украинецот Денис Корнијенко, а сопствениците се од Обединетото Кралство.

„Скопски легури“ во 2008 соопшти дека ќе отпушта 700 работници поради непредвидливоста со цената на металите и движењата на пазарот во металуршката индустрија. Во меѓувреме беше направен обид за нова инвестиција, но во 2023 долгот достигна 85 милиони евра.

Во истиот период, деновиве на истата адреса со „Скопскилегури Аллојс“ е основана уште една компанија – „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“. Сопственик и управител е албанскиот бизнисмен Башким Прогри, кој во Елбасан ја поседува „Карбон Плант“ за производство на паста за електроди за металуршката индустрија за феролегури како фероникел, феросицилиум, фероманган и ферохром. Останати двајца косопственици во „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“ се Сергеј Дроздов и Андриј Хорбатенко од Украина.  Официјалната дејност е трговија со отпадоци и остатоци.

Од она што е познато е тоа дека „Скопски легури“ имаат поднесено барање до Министерството за животна средина во 2022 барање за А-интегрирана дозвола за работа во која пишува дека се планира месечно производство од вупно 6.500 тони феросиликоманган и фероманган  Барањето е поднесено поради „пуштање Инсталација во работа после застој“.

За почеток се вели дека е планирано вклучување на една од печките од постојната инсталација во топилницата, а во барањето од „Скопски легури“ велат дека политиката на работа ќе биде создавање на „нула емисии на ЦО2“, иако ќе има отпадни гасови, троска и техничка вода која ќе се излива. Трансформаторското масло, како што е наведено, треба да се регенерира, а индустриската прашина да се филтрира во посебен систем. Би се користела и сопствена депонија од 1,5 хектари.

„Скопски Легури ДООЕЛ е брз и динамичен македонски производител на феролегури и
е клучен извозник на производи од феролегури во Европската Унија, Балканот, САД,
Турција и земјите од Блискиот Исток.
Ова модерно, вертикално интегрирано, извозно ориентирано претпријатие има огромен
потенцијал за производство. Поради долгогодишното искуство во работењето на
Барање за добивање на А- Интегрирана еколошка дозвола 40
металуршкиот пазар како и високо квалитетното производство, претпријатието се
стекна со репутација на доверлив партнер кој ги исполнува барањата на клиентите“,пишува во барањето.

Од компанијата напоменуваат и дека се склучени договори со локални бизниси од кои ќе се снабдуваат со електрична енергија, природен и технички гас, јаглен, мазут, кокс, манганова руда, кварцит, варовник, масла и индустриска вода.

Пред две и пол недели Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден ненајавен инспекциски надзор. Од таму соопштија дека претставници на Министерството за животна средина го направиле првиот увид во октомври 2023 и дека во моментот на инспекцискиот надзор „се работи на адаптација во производствениот процес“.

– Правниот субјект е во стечајна постапка, стечаен управник е Маринко Саздовски, а во правниот субјект нема лице задолжено за животна средина, објави инспекторатот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби

19/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да

19/10/2026
Македонија

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за

19/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел

19/10/2026
Македонија

СДСМ СО ФИЛИПЧЕ СЕ БЕТОНИРАШЕ КАКО ПЕТТА ПАРТИЈА ВО СКОПЈЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46250
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби возеле со 169 и 175

19/10/2026

Двајца српски државјани се лишени од слобода откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возачи кои на автопатот А1, на

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да обезбедат бесплатен пристап за граѓаните

19/10/2026

Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за ефикасност

19/10/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) е второ меѓу министерствата според отвореноста, со исполнетост од 75,90 отсто од индикаторите во Индексот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy