Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Синдикалниот лидер на УЈП му пиша на Бесими: Поголеми плати или ќе нема наплата на даноци
Економија

Синдикалниот лидер на УЈП му пиша на Бесими: Поголеми плати или ќе нема наплата на даноци

14/06/2023

AA

Васе Неданоски, синдикалниот лидер на вработените на Управата за јавни приходи,  по одржаниот протест пред Министерството за финансии, денеска му испрати писмо на министерот Фатмир Бесими во кое нагласува дека зголемувањето на платите на вработените од оваа институција за фискализација им следува по закон. Тој во писмото додава дека УЈП има пари во својот буџет за повисоки палти, а дека министерот треба само да го потпише колективниот договор.

Тој вели дека вработените во Управата не го интересира тоа што министерот рекол дека во иднина ќе се донесе Закон за плати и други регулативи кои би ја третирале оваа проблематика.

„Сосема е нејасно за вработените во управата ваквото позиционирање на Министерот за финансии во случај кога нема потреба од обезбедување дополнителни финансиски средства, од причини што потребните средства за исплата на платите на вработените во УЈП, согласно новиот колективен договор се обезбедени во буџетот на УЈП за 2023 година.

Барањата на вработените во Управата за јавни приходи се токму во согласност со заложбите на ресорното министерство и неговиот Министер за законито постапување. 

Имено, токму со одредбите на член 66 од Законот за буџети и дополнителното автентично толкување на посочениот член донесено од Собранието на Република Северна Македонија јасно и недвосмислено се докажува основот за зголемување на платите на најголемиот број на вработени во Управата за јавни приходи согласно нивниот статус.

Во моментов на определен број на вработени во Управата за јавни приходи веќе им се исплаќаат зголемени плати по основ на погоре посочените законски одредби.

Имајќи ги во предвид ваквите околности и состојби уште еднаш се обраќаме до Mинистерот за финансии, да ја прифати нашата подадена рака за конструктивна соработка, да постапи согласно закон и даде согласност за потпишување на новиот колективен договор на Управата за јавни приходи.

Посочуваме дека  во постапка на преговори содржината на колективниот договор веќе беше прифатена од трите страни (Министерот за финансии, Директорот на УЈП и претставниците на синдикалната организација Солидарност)“, пишува Неданоски.

Тој во спротивно најавува радикализирање на протестот до тој степен што Управата нема да наплаќа даноци.

„Потпишувањето на новиот колективен договор е и законска обврска на инволвираните страни, од причини што тој треба да биде потпишан со репрезентативен синдикат на ниво на работодавач.

Со таквото законито постапување заеднички ќе допринесеме да не биде одржан генерален штрајк, за што од страна на раководството на синдикалната организација веќе е донесена одлука и е отпочнато со спроведување на потребните процедури, а исто така ќе биде спречено поднесувањето на стотици тужби пред надлежен суд на што се решени вработенитге во управата.

На крајот сакаме повторно да ја потенцираме нашата загриженост за случувањата и последиците кои ќе настанат при евентуално одржување на генерален штрајк, кој несомнено ќе предизвика сериозни последици во секојдневното функционирање на државата. 

Во таа насока посочуваме дека согласно надлежности и овластувања, учеството на Управата за јавни приходи во креирањето и реализацијата на Буџетот на РСМ е со 62,33% од вкупниот Буџет. 

Со евентуалното одржување на генерален штрајк исто така ќе настане состојба во која ќе биде оневозможено остварување на права и исполнување на обврски на правни и физички лица што е од витално значење за нивното функционирање.

Управата за јавни приходи претставува столб на функционирањето на државата, и така треба да се третира во сите сфери“, додава Неданоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy