Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лани изградени 3.844 станови, повеќе од половината се во Скопје
Македонија

Лани изградени 3.844 станови, повеќе од половината се во Скопје

14/06/2023

AA

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени само 87 станови, од кои 67 се во Маврово и Ростуше. Во Тетово завршена била изградбата на само три стана.

Демир Хисар, Крушево, Ресен, Дебар, Кратово, Арачиново, Сарај и Шуто Оризари се дел од општините каде што лани не била завршена изградбата на ниту еден стан.

Во Скопје најмногу станови се завршени во Општина Аеродром – од вкупната бројка на изградени станови во Скопскиот регион, 2.107, само во Аеродром биле изградени 1.120 станови. Потоа следи Гази Баба со 336, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, 105 во Карпош и 14 завршени станови во Кисела Вода.

Според Државниот завод за статистика, просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 квадратни метри.

Проценката на ДЗС е дека во 2022 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.768.214 денари или половина милион евра. Од нив, 14.662.217 денари или околу 240 илјади евра се за објекти во индивидуална сопственост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била

29/06/2026
Македонија

„Чаирска романтика“ е само дел од наследството: Општина Чаир ќе

29/06/2026
Македонија

Утре во 20 часот пред арена Борис Трајковски ќе се

29/06/2026
Македонија

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без

29/06/2026
Македонија

Високите температури ги полнат амбулантите: Повеќе колапси и зголемен број

29/06/2026
Македонија

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

29/06/2026
Македонија

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме

29/06/2026
Македонија

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44029
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била пронајдена дрога

29/06/2026

Десет лица се лишени од слобода во Скопје, Штип и Кавадарци во текот на изминатото деноноќие, откако при полициски проверки

„Чаирска романтика“ е само дел од наследството: Општина Чаир ќе го одбележи ликот и делото

29/06/2026

Заминувањето на Владо Јаневски остави празнина во македонската музичка сцена, а Општина Чаир упати порака на сочувство до неговото семејство,

Утре во 20 часот пред арена Борис Трајковски ќе се оддаде последна почит на Владо

29/06/2026

Обожавателите и почитувачите на музиката на Владо Јаневски утре ќе се соберат за последен пат да му оддадат почит на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy