Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР Мицкоски уверува дека нема да влезе во авантура без да го види крајот
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР Мицкоски уверува дека нема да влезе во авантура без да го види крајот

26/09/2026

AA

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба да се вклучи во процесот за да ги слушне аргументите на двете страни, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МТВ, одговарајќи на прашањето како го толкува ставот на официјална Софија дека е подготвена за дијалог, но и натаму сака разговорите да се одвиваат билатерално, а не со посредство на ЕУ.

Премиерот нагласи дека досегашните средби не донеле суштински резултат.

– Видете, досегашните средби на билатерално ниво коишто ги имаше и претседателката, но и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, се средби коишто јас ги викам средби колку да се случат средби. И после кога ќе завршат тие средби има брифирање секогаш со сосема различна вистина од тоа којашто е разговарана на состанокот. Нашата идеја, кога велиме да се вклучи и Европската Унија, е со цел да ги слушнат и нашите аргументи и аргументите на другата страна. Јас знам која е загриженоста на официјална Софија. Тие велат: „ако ние седнеме во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина имаме билатерален спор“. И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме, да се правиме дека немаме, ние во суштина навистина имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток. И додека е на почеток, јас тоа го кажав и во мојот говор вчера, ние треба да водиме дијалог и токму поради тоа ни се потребни претставници на мултилатерални организации, во случајов Европската Унија, за да ги слушнат аргументите – нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека позицијата на Владата е дека не може да влезе во авантура без да го знае крајот на евроинтегративниот пат.

– Нашата позиција е дека ние не можеме да влеземе во било каква авантура без да знаеме дека крајот е на дофат и дека јасно го гледаме крајот. Не би сакале да влеземе во процес којшто континуирано потоа ќе ни се поместува. Зошто? Затоа што, еве ќе бидам најотворен и најдиректен, утре да ги отвориме преговорите, секое поглавје, секој кластер ќе треба потоа да се гласа во националните парламенти кога се затвора на земјите членки на Европската Унија. Тоа е најмалку 80 пати можност ние повторно да добиеме нови барања. Како ќе изгледа тоа? Ќе излезе некоја порадикална структура во Парламентот на нашиот источен сосед и потоа овие помeјнстрим политичари ќе речат: „знаете, мораме сега поради домашни проблеми повторно да ги блокираме, знаете руско влијание, вакво влијание, ние се бориме против тоа руско влијание, знаете вие сте лошите Русјаци, ние сме добрите Бриселци“. Отприлика така сето тоа ќе изгледа. Јас во тој процес нема да влезам – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата има предлози како да се надмине овој процес и како тоа да се постигне заеднички со Бугарија, со која, како што рече сме партнери во НАТО.

– Така што, ако таму сме партнери во тоа семејство, логиката вели дека и тука треба да сме партнери. И на крајот од денот, во интерес и на официјална Софија е да ние бидеме дел од Европската Унија. Мислам тоа се тие добрососедски односи – рече Мицкоски.

Тој истакна дека Владата ја користи секоја можност пред стратешките партнери, меѓу кои и САД, да ги презентира аргументите и позициите на Македонија во однос на интеграцијата во Европската Унија.

– Јас само можам да кажам дека ние ја користиме секоја прилика, секоја можност да ги презентираме нашите аргументи. Тоа е тоа што мене ми е важно и тоа е тоа што е важно на луѓето од Владата – рече Мицкоски и додаде дека нивната цел е да се обидат практично да ги пренесат „нашите позиции, нашите аргументи, а потоа нашите соговорници нека ценат и нека судат дали сме во право или не сме во право“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45825
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy