Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

AA

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и суверена Македонија со наслов „35 години потоа…“.

На втората сесија ги задржавме истите принципи. Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле членови на политички партии, другата група се гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и третата група се истакнати припадници на различни генерации на СДСМ. Разговорите #2 исто така се одвиваа согласно традиционалното демократско начело „Chatham house rules“, соопшти Платфромата.

„Учесниците на денешните разговори заеднички заклучија:

– Во овие 35 години во општествено политичка смисла имаме повеќе ненаучени лекции отколку суштински системски прогрес.

– За меѓународното етаблирање на Македонија беа направени болни компромиси кои предизвикаа долгорочна поделба на македонското национално ткиво, што веќе со децении ги обременува процесите на неопходни внатрешни реформи кои ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада.

– Симболиката на 12:05 како порака дека веќе е доцна – но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија е парадигмата за долго очекуваното полноправно членство во ЕУ и одамна заслужените придобивки.

– Предолгата и неправедна транзиција беше фатална за огромното мнозинство граѓани, а приватизацијата на општествениот капитал од поранешната СФРЈ направи сурова поделба на супер богати и драматично сиромашни работници и семејства.

– Македонија перманентно старее во демографска смисла, поради економското иселување на младите кое добива епидемиски размери што прави да живееме во реалност на ново печалбарство кое предизвикува драматична кадровска ерозија.

– Професионалната политика наместо платформа за државнички одлуки и одговорни политики во интерес на граѓаните стана занает за брзо богатење.

– Досегашниот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поради недостатокот на искрена борба со криминалот и корупцијата, немањето волја за вистински реформи во правосудството и другите клучни сектори, затајувањето во основните сервисни функции кон повеќе категории граѓани, финансиската неликвидност и серијата други лажни ветувања и сериозно изневерени очекувања, ја става актуелната власт на врвот на ранг листата на неспособни Влади.

– Традиционалните партии олицетворени во сегашните раководства на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се претворија во идеолошки осиромашени партиски множествa на лојалисти и луѓе кои немаат ниту визија ниту знаење како да ги решат напластените проблеми.

– Прогресивната демократска јавност има обврска да ги порази политикантите, поради кои политичко општествениот ангажман стана неприфатлив, срамен и поради кои сите што можат да придонесат за иднината ја избегнуваат политиката.

– Првата задача е обврската конечно да го промениме изборниот модел и тоа во прва фаза да воведеме една изборна единица, а во втора фаза отворени листи што ќе овозможи суштинска реформа, вистинска демократизација, репрезентативност и разноликост на политичката понуда во работата на Собранието и останатите институции, како и реална и мерлива одговорност на пратениците пред народот.

– Воспоставување на правичен даночен систем кој ќе овозможи прераспределба на богатството така што ќе обезбеди брзо и одржливо намалување на сиромаштијата.

– Крајно време е да ги напуштиме досегашните поделби, бидејќи веќе го немаме луксузот да избираме меѓу добро и подобро, бесконечното делење по различни основи е заблуда на длабоките партиски и етнички ровови.

– На Македонија ѝ е потребен Нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени“, соопшти Плафтормата 12.05.

На дебатата учествуваа: Игор Ивановски (модератор), Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска, Амар Мециновиќ, Емир Чориќ, Мирослав Јовановиќ, Ема Нешковска, Димо Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Милена Стевановиќ, Игор Алаџајков, Милена Цветановска, Костадин Ацевски, Горан Стојковски – Диро, Оливер Стојмановски, Владимир Трајковски, Мартин Михајловски, Ненад Марковиќ, Предраг Трпески, Драган Миновски, Звонко Давидовиќ, Марин Гавриловски, Ивор Мицковски, Сретен Богоевски, Висар Вишка, Љубиша Николовски, Умејр Мухамеди, Невзат Умер, Бојан Столевски, Даријан Главинац, Нури Неџипи, Влатко Неделковски, Ристе Костовски, Христијан Божиноски, Александар Бајдевски (онлајн обраќање).

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy