Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша во внатрешните работи на СДСМ
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша во внатрешните работи на СДСМ

26/09/2026

AA

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа што, тврди дека гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што немаат друг избор, оцени премиерот Христијан Мицкоски вечерва во интервју за МТВ.

Одговарајќи на новинарско прашање за оценките на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека членовите на платформата 12:05 се платени од власта и работат за Мицкоски, како и дали има амбиција преку платформата да го преземе СДСМ, премиерот рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на опозициската партија.

– Видете, јас го следам ова што вие сега го кажувате. Прво ќе го искоментирам почетокот, дека нема алтернатива. Јас жалам повторно што дури и оваа алтернатива којашто се претставува дека е алтернатива на опозицијата, повторно го потценува народот и го навредува со тоа што го прави кусоглед. И таа вели: „вие, бидејќи немате избор, затоа сте за Мицкоски, за ВМРО“. Мислам, самото по себе е, како да кажам, нешто кое што претставува оксиморон во целава ситуација. Но, тоа е нивен проблем – рече Мицкоски.

Тој посочи дека првиот впечаток е особено важен во политиката и во животот и оти, според него, новата политичка група со својот прв настап ја пропуштила можноста да остави поинаков впечаток.

– Знаете, и во животот и во политиката немате втора шанса за прв впечаток. Ако ова е првиот впечаток од оваа група којашто се нуди како алтернатива на моменталното раководство на СДСМ, тогаш жалам, но мислам дека ја испуштија првата шанса, посебно со ова што го кажав. Од првиот чекор тие го навредуваат народот и го потценуваат – рече премиерот.

Во однос на актуелното раководство на СДСМ, Мицкоски рече дека тоа се внатрешни работи на партијата и оти не сака да се меша, но нагласи дека на Македонија ѝ е потребна силна опозиција за да има политичка дебата со Владата, а во моментот такво нешто нема.

Во делот на опозициската коалиција предводена од ДУИ, тој рече дека се работи за, како што ги нарече, „стари, истрошени структури“.

– Повеќе од 20 години ги знаеме нивните перформанси, знаеме што правеа, имаме институционална меморија и така натаму – рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на Левица, Мицкоски оцени дека и оваа партија е опозиција, но оти во периодот кога имала можност да покаже свои перформанси преку две институции во Град Скопје, оставила блед или никаков впечаток.

– И по тоа ќе видите дека не само што тие ништо не нудат, туку ајде тоа што измислуваат, тоа што испраќаат пораки како што испраќаат, тоа е нивна работа, јас нема да се мешам. Но сфаќате дека тие не можат да бидат алтернатива, дека таму има една група од десетина, 15, 20 луѓе, задоволни се од годишното финансирање, три-четири пати одат на море до нашиот јужен сосед, таму ќе ги забележите на тие плажи и по бутиците во еден од градовите кај нашиот јужен сосед како купуваат семејно. И тоа е отприлика максимумот од таа група на луѓе којшто можете да го очекувате – рече Мицкоски.

Во однос на СДСМ, премиерот нагласи дека актуелното раководство секојдневно излегува со нови обвинувања и ги претставува како скандали.

– И конечно, го имате раководството на СДСМ коешто на дневна основа си седи, си смислува приказни, си излегува на прес-конференции, ги брендира како скандали големи, мали, средни, им дава одредена рихтеража коишто само тие ги знаат и никој друг не ги знае, не ги препознава. И сега имаме еден таков опозициски опус во Македонија – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека состојбата во опозицијата не треба да биде причина власта да се опушти, туку напротив, да работи уште повеќе.

– Секогаш на седниците на Извршниот и на Централниот комитет на партијата и на меѓукоалициските средби во Владата, велам дека не треба тоа нас сега да нè охрабри и да нè опушти. „Добро е, имаме противник којшто е хаотичен и заглавен во своите политички теми“, да се опуштиме ние. Не, напротив. Ние треба уште повеќе да дадеме, затоа што ние не смееме да ја изневериме довербата којашто ја имаме од граѓаните, бидејќи најголемиот дел од тие коишто ни ја даваат велат: „вие сте последната шанса“ – рече Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy