Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова од Дубаи: Образованието е триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција
Македонија

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Образованието е триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција

02/02/2026

AA

Промената во светот налага итна трансформација на образованието и согледување на реалноста низ очите на новите дигитални генерации, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати во Дубаи. Пред собир од 150 еминентни научници и нобеловци, таа истакна дека во ерата на Четвртата индустриска револуција, досегашниот линеарен модел на учење е веќе минато.

Според претседателката, вештачката интелигенција (ВИ) веќе не е само додаток, туку клучен фактор кој го претвора образовниот процес во специфичен триалог.

„Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не треба да биде забранета, но мора да биде регулирана бидејќи носи ризици како што е зависноста. Таа мора да биде алатка, а не господар“, истакна Сиљановска-Давкова, додавајќи дека фокусот мора да се префрли од меморирање факти кон критичко и креативно размислување.

Таа посочи на јазот меѓу „аналогното раководство“ и дигиталните генерации Y и Z, кои наместо физички библиотеки, ја користат глобалната база на знаење од своите џебови. Претседателката предупреди дека ако ВИ не познава подобро од самите нас, образованието мора да се насочи кон она што на машините им недостасува – емоционалната интелигенција, менталната стабилност и етичкото расудување.

Зборувајќи за македонскиот образовен систем, Сиљановска-Давкова призна дека тој сè уште функционира според стари парадигми кои резултираат со ниски ПИСА резултати, но нагласи дека Македонија поседува сериозен научен потенцијал.

„Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме физичари и хемичари меѓу најцитираните во светот и жени во STEM кои ги надминуваат европските просеци. Но, за промена на парадигмата ни треба глобална поддршка и соработка. Нашите универзитети и МАНУ се отворени за истражувачки проекти од кои сите би имале корист“, заклучи претседателката.

Таа повика на глобален консензус за ВИ, инсистирајќи таа да биде транспарентна, фер и секогаш водена од човекот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46879
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и Рама очекуваат полесен проток на

22/11/2026

Новиот начин на гранично функционирање преку системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан ќе го олесни транспортот на патници

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил дека карпите се кршливи и

22/11/2026

Повредениот алпинист е инструктор од Србија кој паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија и се здобил со тешки

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им рекол на македонските делегати дека

22/11/2026

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонска црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy