Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ НЕ ПРОСТУВААТ Вкупно 646 сообраќајни прекршоци за 24 часа
Македонија

КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ НЕ ПРОСТУВААТ Вкупно 646 сообраќајни прекршоци за 24 часа

02/02/2026

AA

Системот „Безбеден град“ само за еден ден регистрирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според официјалните податоци од МВР, најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, но евидентирани се и десетици случаи на минување на црвено светло.

За минување на црвено светло се констатирани 64 прекршоци, од кои 35 во Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово. Паралелно со тоа, системот регистрирал дури 582 случаи на возење со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 445 прекршоци се евидентирани на подрачјето на Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово, додека 70 прекршоци се забележани на патните коридори низ државата.

Како последица на овие прекршоци, полицијата изрекла вкупно 101 забрана за управување моторно возило, по основ на двата вида сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, потенцирајќи дека системот „Безбеден град“ функционира континуирано и има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните несреќи.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во Охрид

27/07/2026

Дваесет и осумгодишен словенечки државјанин со иницијали К.Г. заврши во притвор откако физички ја нападнал својата девојка за време на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy